Звучна терапија е поле на алтернативната медицина што постои илјадници години. Музиката се користела низ историјата за да создаде позитивни ефекти врз нашето расположение и како форма на терапија за лекување на телото, умот и духот. Многу луѓе по звучната терапија имаат поголема енергија, чувствуваат ментална јасност, зголемена креативност и подобрени односи со себе и останатите. Најдоброто од сè е дека звучната терапија е ефикасна и достапна за сите. Постојат многу начини на практикување, но прво треба да дознаете зошто и на кој начин делува звучната терапија и што да очекувате за време на истата.
Што е звучна терапија?
Звучна терапија е употреба на специфични инструменти, музика, тонови и други звучни вибрации за да се балансира и излечи телото, умот и духот. Тоа вклучува користење на специјализирани звучни фрекфенции за да се создаде терапевтска атмосфера и да се постигне длабок одмор, ребаланс на нервниот систем и емоционално ослободување. Идеално, се создава состојба односно атмосфера на хипнотичка, медитативна состојба (или влегување во тета мозочни бранови) која овозможува пристап до подлабоки нивоа на внатрешна мудрост и исцелување.
Звучната терапија се изведува со употреба на музика или други звуци кои ги слушате додека лежите или удобно седите. Фокусирањето на овие смирувачки вибрации ви помага да се опуштите и да се ослободите од стресот, анксиозноста и напнатоста. Исто така, звучната тепарија поттикнува длабоко дишење а може да вклучува и совети за медитација, како и вежби за визуелизација.
Што да очекувате од третманот со звучната терапија?
Третманот со звучна терапија се врши со пуштање одредени фрекфенции на звук околу и на одредени делови од телото на практикантот. Овие третмани или сесии се одржуваат во приватна соба, јога студио или некое пријатно место. Индивидуалната сесија започнува секогаш со вовед во здравствените проблеми на клиентот, проследено со водена медитација која ќе ви помогне да се опуштите.
Групното искуство од друга страна повеќе лици на концерт со акустичен звук на мал (јавен или не) простор. На групните сесии исто така се даваат упатства како најдобро да се прими и да се работи со оваа терапевтска практика. Групните сесии исто така може да овозможат социјално искуство со истомислениците кои може да ги исполнат вашите потреби за духовна заедница.
Историјата на звучната терапија
Многу култури уште од античко време ја користеле музиката и пеењето за лекување на телото и духот. Древните Египќани верувале дека музичките баења можат да бидат ефикасен начин за лекување на болести. Домородните американски племиња исто така верувале дека одредени звуци имаат исцелителна моќ. Во древната индиска практика на нада јога, јогините користеле звучни вибрации за да го смират умот и да го ослободат стресот.
Античкиот грчки филозоф Питагора е познат како „таткото на музиката“ бидејќи ги открил музичките интервали и бил првиот што ја „препишал“ музиката како лек. Тој истражувал како хармоничните фреквенции може да се користат за лекување и ги применувал овие принципи на сè, од музика, архитектура до семејството, пријателите и личниот развој.
Хајнрих Вилхелм Дов го открил невролошкиот ефект на бинауралните отчукувања во 1839 година. Во 1896 година американските лекари откриле дека музиката може да го подобри протокот на крв и да ги подобри мисловните процеси. Британскиот остеопат Сер Питер Гај Манерс во 1950-тите развил машина за производство на терапевтски звучни вибрации за заздравување на клетките во телото.
Придобивки од звучната терапија
Звучната терапија се користи илјадници години ширум светот за лекување на ментални и физички заболувања. Таа е многу ефикасна форма на алтернативна медицина, бидејќи делува директно на енергетското поле и чакрите во телото, а не само на физичкото тело. Кога енергетското тело е здраво и избалансирано, неговите сопствени природни исцелувачки способности се зајакнуваат.
Кога доживуваме стрес, болест, повреда или емоционална траума виталната енергија на животната сила, или праната се исцрпува од нашето суптилно тело. Нашиот имунолошки систем слабее, што не прави подложни на болести. Ја губиме нашата способност природно да се лекуваме. Звучната терапија ја користи моќта на звукот за да ја врати рамнотежата на енергетските полиња на телото.
Звучната терапија користи специфични фреквенции на звучни бранови за да влијае на мозокот и нервниот систем. Кога се применува правилно, звукот го лекува телото и придонесува за благосостојба.
Постојат многу различни видови на звучна терапија и секој од нив може да даде различни резултати. Најдобар начин да одредите дали овој тип на терапија ви одговара работи за е да пробате некои сесии и да истражите различни техники. Ако звучната терапија е добро погодена, треба да искусите една или повеќе од следниве придобивки.
Длабока релаксација
Кога слушате смирувачки звуци, вашето тело ослободува ендорфин, серотонин, допамин, окситоцин и норепинефрин. Овие невротрансмитери нè прават среќни и ни помагаат да излеземе од “fight or flight”. Тие исто така го намалуваат крвниот притисок и отчукувањата на срцето, што доведува до длабоки состојби на релаксација.
Подобар сон
Слушањето смирувачка музика пред спиење може да не направи поспани и може да го подобри квалитетот на сонот. Тоа е затоа што одговорот на релаксација е активиран од бавните мозочни бранови, како што се оние што се создаваат со длабока медитација. Слушањето релаксирачка музика пред спиење може да ви помогне да заспиете побрзо и да спиете цврсто. И бидејќи звучната терапија го намалува стресот, може да ви помогне да се разбудите свежи и наспани.
Намалување на болката
Кога страдаме од физичка болка, нашиот мозок испраќа сигнали до нашите тела да престане да произведува одредени хормони. Бидејќи овие хормони предизвикуваат воспаление во телото, тие всушност можат да ја влошат болката. Но, кога слушаме смирувачка музика, нашиот мозок ослободува ендорфин, кој ги блокира ефектите на овие воспалителни хормони и помага во ублажување на болката.
Видови на звучни терапии
Постојат многу различни видови звучни терапии кои се достапни денес. Истите можат да бидат индивидуални или групни сесии.
Звучна купка
Ова е најчестиот тип на звучна терапија што ја водат еден или повеќе музичари кои свират на гонг, тибетски чинии, ѕвона или други ударни инструменти. Звучната купка е медитативно искуство кое се изведува во лежечка положба, дозволувајќи вашето тело и ум да бидат исполнети со смирувачки звуци. Звучната купка ни овозможува да влеземе во состојба на медиација фокусирајќи се на инструментите и вибрациите околу нас, а не на нашите мисли. Таа ни помага да се фокусираме кон внатре додека сè уште сме свесни за она што се случува околу нас. Кога внимателно ги слушаме овие резонантни звуци, можеме да ги слушнеме суптилните разлики во висината, тонот, јачината на звукот и ритамот. Овие варијации создаваат чувство на смиреност и релаксација.
Водена медитација со музика
Исто популарен тип на звучна терапија каде искусен музичар свири на одредени инструменти и ве води низ визуелизација и медитација. Музичарот воедно и водач на медитацијата може да го свири истиот звук некое време се додека не навлезете во состојба на длабока релаксација. Овој вид звучна терапија го користи звукот односно музиката како помагател на патувањето односно медитацијата, кој може да биде во позадина за подобрување на чувствата на смиреност и леснотија. Музиката може да има многу форми од звуци на природата, до нежна музика или едноставно употреба на кристални чинии за пеење.
Киртан
Групно пеење на мантри или химни, придружено со различни инструменти. Киртан е моќна алатка за негување свесност, концентрација и сочувство. Покрај тоа што е прекрасно медитативно искуство, киртан е и одличен начин за поврзување со духовната заедница и божественото.
Бинаурални звуци
Тоа е снимена музика која ги раздвојува чистите тонови кои се малку оддалечени еден од друг. Тие се дизајнирани да ги предизвикаат конкретните мозочни бранови со создавање на несовпаѓање на фреквенцијата меѓу нив. Кога се слушаат преку слушалки, мозокот ќе ја направи разликата во осцилацијата и ќе се внесе во различна состојба на мозочните бранови, како што се алфа, тета или длабока делта. Ова ни овозможува да влеземе во состојба слична на транс каде што можеме да пристапиме до изменетите состојби на свеста.
Постојат многу различни начини да се користи звучната терапија. Може да слушате музика додека вежбате или да пуштите релаксирачка музика за време на медитација. Некои луѓе претпочитаат да ги слушаат звуците на природата, како што се чврчорење на птици или звукот на брановите. Други уживаат да слушаат класична музика. Без разлика кој тип на звук или музика најмногу ви се допаѓа, погрижете се да најдете начин да го вклучите во вашата дневна рутина.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.