Свесноста за секој ден и практикување на јога животен стил не мора да биде комплицирано. Идеално, треба да биде што е можно поедноставно. Со само неколку лесни промени во животниот стил може да се чувствувате фокусирано, мирно и здраво.
Да се живее во духот на јогата не значи само да ги работите вашите асани или да имате медитативна пракса. Добро избалансиран и свесен начин на живот бара целосен животен пристап. Но, како да го задржите чувството за ментална и духовна благосостојба што го добивате со јогата цел ден, секој ден? Што правите за да го одржите вашиот живот балансиран? Во продолжение ви предложуваме 13 совети за живеење на хармоничен живот.
1. Јадете здрава храна
Животниот стил кој е во согласност со јогата значи да се грижите за вашето тело и преку правилен избор на здрава и квалитетна храна. Најлесен начин да го направите ова е да го зголемите внесот на зеленчук и да јадете повеќе свежо овошје. Можеби ќе сакате да размислите за веганска исхрана или друга исхрана која се базира на растенија. Дури применување на вегетаријанска исхрана еден или неколку денови неделно може драстично да го подобри вашето здравје. Појадокот е често најдобриот оброк за да започнете да правите промени во вашата исхрана.
2. Внесувајте доволно течности
Ова е можеби и општо познато, но дали пиете доволно вода? Пиењето 8 чаши вода дневно може да изгледа како многу, но тоа е најдобриот начин да ги одржите вашата кожа и тело здрави. Пиењето вода, исто така, помага да се разбудите наутро и ве одржува „свежи“ во текот на денот.
3. Имајте редовна јога пракса
Редовната јога пракса е од суштинско значење доколку сакаме јогискиот начин на живот да биде дел од нашиот секојдневен живот. Додека вежбите за дишење и физичките положби (асани) создаваат мирен ум и чисто срце, другите јога патеки се подеднакво моќни и важни. Раџа и Џнана јога се длабоко медитативни, рефлектирачки и контемплативни. Бхакти и Тантра јогата се повикуваат на посветеност и повеќе се засноваат на ритуали. Карма јогата поттикнува несебична служба и понизност. Без оглед на патеката која ја имате изберано, најдете начин да воспоставите и одржувате редовна пракса во текот на целата недела.
4. Останете активни
Вашата секојдневна асана пракса може да доведе до многу здравствени придобивки, вклучувајќи подобар сон, подобра циркулација, регулирање на крвениот притисок и подобар опсег на движење, посилни мускули и подобра рамнотежа. Сепак, обидете се да додадете други видови физички вежби – само 20 минути три пати неделно е сè што ви треба. Активноста е исто така фантастичен начин да се ослободите од стресот и да го подигнете вашето расположение и нивото на енергија.
5. Медитирајте
Ако сте нови во јогата, можеби на почетокот медитацијата ќе ви биде незгодна или тешка. Пробајте пет или десет минути да медитирате пред утринската јога пракса за да влезете во вистинскиот начин на размислување. Или обидете се да се одморите по завршување со праксата и да ве подготвите да го дочекате денот со чиста глава. Дневната медитативна пракса е идеална за да обезбеди стабилно ниво на мир и спокојство во текот на денот.
6. Користете природни козметички производи
Полека префрлете се од комерцијалните производи кон купување повеќе органски производи. Обидете се како мирис да ги користите масла за ароматерапија и да користите едноставни природни состојки во производите за убавина. Користењето на природни и органски производи ќе ја минимизира употребата на енергијата на вашето тело за обработка на токсините.
7. Минимизирајте го отпадот и бидете свесни потрошувачи
Проверете како вашите купувања, вклучително и вашите јога хеланки и јога простирка, влијаат на планетата. Намалете ја потрошувачката секогаш кога е можно и рециклирајте колку што е можно повеќе. Обидете се да ја купите вашата облека и реквизитите за јога од свесни производители кои користат еколошки материјали.
8. Намалете го стресот и релаксирајте се
Стресот ќе ги уништи вашите најдобри обиди да создадете мирен и свесен јогиски начин на живот. Дајте си многу можности за целосна релаксација и погрижете се да вклучите јога вежби за намалување на стресот како јога нидра и шавасана.
9. Создадете свесен и позитивен социјален живот
Социјалните медиуми и канцелариските политики може да не исцрпат енергично. Изненадувачки е колку негативност можете да дозволите да „влезе“ во вашиот социјален живот без воопшто да забележите. Бидејќи јогата значи да се биде повеќе внимателен и свесен за вашиот секојдневен живот, важно е да создадете здрав и позитивен социјален круг. Оставете ги токсичните врски. Негувајте позитивни интеракции преку воспоставување контакт со очи, давајќи им комплименти на другите и практикувајќи љубезност.
10. Бидете искрени со себе
Личната искреност и одговорност се клучни за живеење посвесен живот. Постојано проверувајте со себе за да бидете сигурни дека вашите постапки се во склад со вашите вредности. Потрудете се да ги проучите и да ги вклучите јамите и нијамите во секојдневниот живот. Потрудете се да бидете дарежливи, љубезни, сочувствителни и искрени со себе. Секогаш имајте за цел да бидете верни на она што сте и задоволни со она што го имате.
11. Развивајте позитивни ментални навики
За да развиете свесни навики, ќе треба да работите на вашиот ум. Избегнувајте негативни разговори со себе. Најдете време да бидете со себе. Обидете се со секојдневни вежби за благодарност или водење дневник. Ова може да ви помогне да се ослободите од стресот и да научите да гледате попозитивно на работите
12. Исчистете го домот
Свесноста е за умот, телото и духот, но исто така е и грижа за вашиот простор. Може да биде тешко да негувате секојдневна медитативна или јога пракса во вашиот дом ако тој е валкан и препол со работи. Минималистичкиот пристап кон вашиот дом може да ви помогне да се фокусирате и да бидете присутни на она што е важно. Наместо да купувате работи што не ви се потребни, размислете повеќе за тоа што е суштинско за вашиот животен стил. Погрижете се редовно да се расчистувате и не заборавајте да ги донирате неискористените предмети наместо да ги фрлате!
13. Создадете пријатна домашна атмосфера
Вашиот дом влијае на вашиот ум и дух. Почнете да забележувате како боите, текстурите и поставеноста на мебелот се поврзани со вашето внатрешно битие. Изберете да декорирате внимателно и едноставно, со смирувачки бои и пријатни линии. Чувајте ги работите што придонесуваат за здрава и опуштена средина, вклучувајќи растенија, кристали, свеќи и неколку уметнички дела што навистина ги сакате.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.