Еволуцијата од една фаза или состојба на постоење во друга е често непријатна. Луѓето излегуваат од нивната зона на комфорт ако се инспирирани да направат промена. Секоја акција и реакција создава бранување во просторот, времето и историјата. Секоја акција направен со љубезност и емпатија произведува ефект, но исто така секоја акција преземена од гнев или страв произведува ефект. Мораме да одлучиме каде сакаме да не води нашиот моментум. Секоја одлука што ја носиме е важна и ја дефинира траекторијата на „заплеткување“, која го опфаќа целиот свет. Тоа е ефектот на бранување (the ripple effect) на енергијата. Да претпоставиме дека сакаме да создадеме свет каде што се присутни добрината, мирот и сочувството. Во тој случај, мораме да го фокусираме нашиот личен „танц“ кон таа цел. Заплетканиот танц на човештвото што еволуира.
Светот помина низ многу периоди на значајни промени. Низ времињата на менување лидери, војни, болести и глад, поличка динамика, верски конфликти и расни нееднаквости, имаше групи на луѓе кои ги претставуваа и двете страни, сакајќи различни резултати. Овие конфликти можат да ги мотивираат луѓето да преземат акција и да го променат светот.
Нашата улога во промените
Секој од нас има единствена улога во развојот на промените. Некои од нас се приклучуваат на протестен марш, а некои им помагаат на соседите или пријателите кога тоа им е потребно. И двете акции може да бидат преземени со сочувство и љубезност. Па тука може да се постви прашање: „Дали шириме светлина и љубов или шириме омраза и страв?“
Балансираниот Универзум има и темнина и светлина. Секогаш ќе има прашања во човештвото што ќе бараат наша емпатија и сочувство. Сепак, важно е да се одржи рамнотежа со фокусирање на оние нешта кои инспирираат светлина, љубов, добрина. Тие ќе се брануваат низ светот.
Пред да зборуваме за можноста за промена на состојбите, би требало да споменеме дека мал процент луѓе имаат хемиски дисбаланси или други животни околности кои создаваат специфични ментални состојби и го отежнуваат менувањето. Ментални болести, длабока тага, страшна сиромаштија, страв за сопствената безбедност се некои примери од примерите.
Сепак веруваме дека за повеќето од нас е можно да ја одбереме нашата емоционална состојба. Можеме да избереме дали ќе гледаме позитивно или негативно на работите, но секако за тоа е потребно пракса. На кој начин нашата слободна волја го насочува нашиот животен правец наспроти искуствената судбина која не турка низ нашите емоции?
Време е да сфатиме дека што и да правиме во било кој дел од светот влијае на природните светски екосистеми, на експанзивноста на човештвото и на тоа како заедно танцуваме во еволуцијата на светот. Ефектот на бранување (the ripple effect) е секогаш во акција.
Примери за како може да функционира ефектот на бранување:
– Ако и кажете на некоја личност дека верувате во нејзиниот/неговиот талент може да ја/го инспирирате да стане уметник кој/а понатаму ќе влијае и на многу други.
– Ако едуцирате некого на одредена тема, тоа потоа може да биде напишано и споделено на социјалните медиуми и да достигне илјадници или милиони личности.
– Родители кои ги ценат талентите на нивните деца и ги охрабруваат да си ги следат соништата.
– Пријател кој не е исплашен од туѓиот успех, туку е мотивиран да направи нешто добро за некој друг.
– Интервенирањето кога некој е малтретиран им дава на другите храброст и сила да го сторат истото.
– Покажувањето љубезност кон животните ги поттикнува и другите да го сторат истото.
Додека горенаведените примери се позитивни, ефектот на бранување се создава и од нашите изрази на гнев, страв, омраза, огорченост и други негативни емоции.
Што треба да научиме од сето ова?
1. Ниту една акција или реакција не е премала за да има ефект врз светот.
2. Како свесен придонесувач за креативниот тек и рамнотежа, знаеме дека отпорот и контрастот се составен дел од танцот на човештвото во развој.
3. Каква и да е емотивната акција и реакција што ќе ја избереме, нашиот личен танц на заплеткување ќе биде моќна сила во еволуцијата
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.