Нашите стапала се одговорни да не одведат каде што сакаме, да можеме да чекориме на ова неверојатно патување кое го нарекуваме живот. Но, тие се многу повеќе од средство за движење! Тие се важен енергетски центар. Тие можат да носат енергии и се портали за размена со Универзумот.
Стапалата се нашите корени
Во рефлексологијата се вели дека стапалата носат информации за целото тело. Овој тип на алтернативна терапија се заснова на верувањето дека секој орган или дел од телото се претставени или рефлектирани во стапалата и рацете. Притискањето на овие места предизвикува физички промени во остатокот од телото.
Практикантите на оваа техника ги стимулираат точките лоцирани на стапалата и со тоа ги лекуваат болестите и ги ублажуваат непријатните симптоми што истите ги носат. Можете да лекувате органски, емоционални и разни телесни пореметувања, генерирајќи одлична телесна рамнотежа на наједноставен можен начин. Нозете се нашите корени. Низ нив излегуваат лоши енергии, а навлегува универзалната витална енергија.
Портал кон духовниот свет
Знаеме дека босите стапала на земјата можат да ни дадат енергија, а има и медитации со визуелизација на стапалата за обновување на енергиите. Ова се должи на чакрите што ги имаме на стапалата.
Овие чакри се како „првиот кат“ на коренската чакра. Тие овозможуваат поддршка за да можете да станете и да ја живеете својата вистина, а на нив ја имаме концентрацијата на земните енергии одговорни за вибрациската рамнотежа на телото како целина. Забележете дека првиот знак на замор се појавува на нашите стапала кога сме исцрпени.
Како да се грижите за енергијата на стапалата?
Првото нешто што можете да направите е да одите боси низ дома. Штом пристигнете од надвор, соблечете ги чевлите. Ако имате двор или градина, остварете контакт со земјата со боси стапала најмалку десет минути.
Ова ќе помогне многу! Но, самата навика за одење боси е доволена за да се активира енергијата што циркулира низ стапалата и да се поттикне размената на енергијата со земјата, примајќи витална енергија од неа.
Друга ефикасна техника е при медитација да ги замислите вашите стапала во светлина. Само замислете силно светло како ги опкружува вашите стапала, почнувајќи како мала светлосна точка која се развива до таа мера што ја осветлува целата околина.
Оваа светлина може да биде бела или виолетова – за да го трансмутира она што е негативно – или зелена, во случаи кога се работи за болести. Визуализирајте ги стапалата обвиткани во оваа светлосна енергија и дозволете им да се релаксираат.
Водата исто така може да овозможи извонредна рамнотежа за овој дел од нашето тело. Еден сад со вода со крупна сол е доволна за да ја активира енергијата во вашите стапала. Солта многу помага и во растворање на енергетските блокади.
Ова е добра практика во случај да живеете далеку од плажа. Но, ако имате пристап до езеро или море, уште подобро. Одењето по песокот со стапалата потопени во вода е едноставно неверојатно во однос на енергетската динамика и не е ни чудо што толку многу луѓе сакаат да одат боси по песок и вода без воопшто да знаат зошто се чувствуваат толку добро кога го прават тоа.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.