Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Здравје»5 начини да внесете позитивна енергија во домот
    Здравје

    5 начини да внесете позитивна енергија во домот

    omnia.mkBy omnia.mk19/03/2021Updated:30/03/2025Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    енергијата во домот
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Нашите домови треба да бидат места што ги сакаме, каде уживаме да се будиме и каде со исчекување сакаме да се вратиме. Секој од нас сака да живее во дом кој ни е удобен и делува смрувачки. Важно е да разбереме дека енергијата во домот има огромно влијание врз луѓето кои што живееат таму. Нашето најинтимно опкружување помага во градење на основата за поздрав ум и тело. Енергетскиот проток во домот е во голема мера под влијание на конструкцијата и внатрешното уредување. 

    Што можеме да направиме за домот да ни зрачи секогаш со позитивна енегија? Прочитајте ги нашите совети.

    Исчистете го нередот 

    Нередот предизвикува стрес, а ништо не ја уништува позитивната енергија, како стресот. Чистење на нередот ни помага да го чувствуваме просторот отворен и чист. Исто така служи за да се ослободиме од нештата што веќе не ни се потребни.

    Откако ќе се ослободиме од целиот неред, треба да ги ставиме сите работи на своето место и да ги исчистете подовите со растворена морска сол. Се верува дека чистењето на домот со солена вода, ќе ги намали ефектите на негативните вибрации. На крај може да запалиме некое миризливо стапче, или темјан за дополнителни позитивни вибрации. 

    Ставете растенија 

    Растенијата не само што му даваат убав изглед на домот, туку и го подобруваат квалитетот на воздухот. Тие инстантно го подобруваат расположението и се нешто што е најблиску до природата а можеме да го имаме во нашиот дом. Растенијата зрачат со позитивна енергија и имаат смирувачки вибрации. 

    Природна светлина

    Природната светлина го стимулира производството на витамин Д што го подигнува расположението и ги прави луѓето да се чувствуваат среќни. За да ги искористиме сончевите зраци кои го подобруваат расположението, треба да ги отвориме прозорците, да ги кренеме ролетните и со самото тоа домот ќе ни биде посветол и со повеќе позитивна енергија. 

    Пало санто

    Тоа е свето парче дрво што потекнува од „волшебното“ дрво Пало Санто, кое се наоѓа најчесто на брегот на Јужна Америка. На шпански јазик, неговото име буквално значи свето дрво, и тоа е токму тоа. Има неверојатно убав мирис и е особено корисен за секојдневно чистење на домот од негативна енергија.

    Изберете вистински бои 

    Дали знаевте дека изборот на вистинска боја може да го подобри квалитет на спиењето? Истражувањата покажуваат дека боите можат многу да влијаат на нашето расположение и однесување.

    Многу е важно да ги имаме вистинските бои во домот. Затоа, пред да се одлучиме за нова боја за нашиот дом треба да размислиме како сакаме да се чувствуваме во таа просторија и каква енергија сакаме да привлечеме.

    дом енергија здравје позитивна енергија
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous Article4 активности за подобра функција на мозокот
    Next Article Палента со печурки и спанаќ
    omnia.mk

    Related Posts

    Чај или кафе: Кој пијалок најмногу одговара на вашите потреби?

    07/05/2025

    „Здрави“ трендови што прават повеќе штета отколку корист

    05/05/2025

    Телото како сведок на сè што премолчуваме

    02/05/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.