Потребни состојки:
- 300гр. бланширани бадеми;
- 200гр. свежи урми;
- 50гр. рендан кокос;
- 50гр. какао во прав;
- 1 лажичка екстракт од ванила;
- 2 лажици бадемово млеко.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 15 минути.
Нутритивна вредност: калории 70; натриум 5мг (0%); масти 4.5гр (7%); протеини 2гр (4%); јаглехидрати 6гр (2%); влакна 1гр (4%)
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Доколку е потребно додајте уште неколку урми за да засладите. Добиената смеса моделирајте ја во форма на топчиња.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.