Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Личен развој»Како да одржите емоционална рамнотежа?
    Личен развој

    Како да одржите емоционална рамнотежа?

    omnia.mkBy omnia.mk03/08/2022Updated:30/03/2025Нема коментари6 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    емоционална рамнотежа
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Уште од мали нозе, додека сме во училишните клупи не учат „како треба да учиме“ за да бидеме успешни на училиште. Може да се каже дека тоа важи и за среќата – човек мора да научи како да биде среќен. 

    Меѓутоа, за жал, малку внимание се посветува на среќата. Учењето како да се биде среќен во животот не е приоритет на модерното образование. Па така, имаме многу луѓе кои страдаат од разни ментални состојби, имаат недостик на самодоверба и самопочит, а многумина од нив се високообразовани и остварени личности во општествениот живот. Во образовните институции се става акцент на предмети како историја, јазици или природни науки, но учењето за сопствените емоции е целосно занемарено, а тоа може да е и најважното нешто што треба да го научиме. 

    Во изминатите години многу научници работат да објаснат дека емоционалната интелигенција е всушност и поважна од IQ за успех. Иако да се биде „начитан“ е секако одлична карактеристика што треба да се поседува, разбирањето на сопствените емоции и емоциите на другите може да биде вистинскиот клуч за доживотна среќа и успех. 

    Што всушност значи емоционалната интелигенција? 

    Но, што навистина значи да се има висока емоционална интелигенција? Понекогаш луѓето мислат дека тоа значи да ги контролираат сопствените емоции или да ги потиснуваат. Секако овој метод не е воопшто корисен, ниту здрав. Најчесто тоа резултира со внатрешен немир што може да доведе до експлозивни, дури и навредливи прикази на емоции. 

    Вистинската дефиниција на емоционалната интелигенција треба да биде емоционална рамнотежа – избалансиран начин на доживување и разбирање на сопствените емоции, како и способност да се разберат и да се сочувствува со емоциите на другите. 

    Емоциите само по себе не се ниту лоши ниту погрешни. Тие се едноставно начинот на кој ние, односно нашиот мозок реагира на светот околу нас. Сепак, тие не нѐ дефинираат. Емоциите се само алатка која мозокот ја користи за да ни помогне во нашето патување низ животот. Една личност која има висока емоционална интелигенција ги набљудува и ги користи своите емоции без да биде понесена од нив, така и одржува емоционална рамнотежа. За среќа, не мора да бидеме родени со висока ЕИ бидејќи постојат многу практики кои можат да ни помогнат да ја одржиме емоционалната рамнотежа. 

    Еден многу важен концепт кој треба да го разбереме – „Јас не сум моите емоции.“ Овој концепт е многу важен бидејќи нашето его често, можеби и премногу често се поистоветува со емоциите и тоа не прави да сме безнадежно врзани за нив. На пример, доколку некоја личност има многу гнев затоа што не може да надмине некои ситуации од минатото, неговото или нејзиното его се држи за таа емоција. Па така, таа емоција станува дел од нивниот идентитет и постојано расте односно се интензивира. 

    Ова не значи дека самите емоции се погрешни. Сигурно има причина зошто се чувствуваме како што се чувствуваме. Проблемот се јавува кога не можеме да се ослободиме од емоциите па стануваме брод што превзема многу товар дур плови на бура – бродот станува нестабилен, дури може и да се преврти. 

    Медитација за емоционална рамнотежа 

    За среќа, постојат многу начини и практики кои можат да ни помогнат да воспоставиме ментална и емоционална рамнотежа. Прво, треба да го смириме разбрануваниот ум кој има тенденција да ги храни емоциите особено гневот и тагата, емоции кои навистина можат да нè соборат. Умот има тенденција да се фокусира интензивно на негативните искуства, речиси до точка каде што не може да се фокусира на ништо друго. Затоа е многу важно умот да се смири. Многу ефикасен начин за постигнување на смирен ум е со медитација, која помага да се забави или запре џагорот на умот. 

    Повлечете се еден чекор наназад

    Но, што е со тековните негативни искуства кои предизвикуваат секакви емоции кои не исфрлаат од рамнотежа? 

    Дел од одговорот лежи во перспективата на личноста. Ако сакаме да одржиме рамнотежа, ќе мора да направиме чекор наназад за да може да ја видиме целосната слика. Прво, се одалечуваме доволно за да разбереме дека ништо не треба да сфаќаме премногу лично и дека секоја ситуација може да придонесе за личен развој. 

    Ако се чувствуваме навредени од нешто што другите луѓе го велат или прават, тоа е секогаш поради нашето его – егото се чувствува навредено. Нашата душа, нашето вистинско јас, никогаш не може да биде навредено или повредено од однесувањата на другите. Сè што може да направи е да ја сака и препознае таа друга душа во нејзиното совршенство. Ова сознание не ги оправдува „навредливите“ или „лошите“ однесувања на другите, туку само помага подобро да се разберат, да се намали ефектот што би можеле да ги имаат врз нас, како и да не доведе до место од каде што можеме да одговориме со љубов. 

    Не заборавајте да сочувствувате

    Друга важна вештина која е суштински дел од емоционалната интелигенција и помага за одржување на емоционална рамнотежа е способноста за сочувствување со емоциите на другите луѓе. Во процесот на повлекување чекор наназад за да можеме да ја видиме целосната слика, не треба да заборавиме да ги земеме предвид и перспективите на другите инволвирани лица. Ако нечие однесување е неправедно или сурово, што мислите дека ги поттикнува или мотивира тие однесувања кај него/нејзе? 

    Секогаш кога некој се однесува на начин кој не е во согласност со неговото вистинско јас, е поради фрустрација или повреда која треба да се исцелува. Ако реагираме на нивната негативност со уште повеќе негативност, ниту еден не ќе може да се исцелува, а повредата само ќе се влошува. Затоа, се трудиме секогаш да ја разбереме перспективата на другиот. Потоа, ќе можеме да ја ублажиме ситуацијата и да зачекориме кон простување и исцелување. 

    Со пракса, овој вид на одговор ќе стане втора природа и во процесот ќе откриете дека губите многу помалку време и енергија на емоционална вознемиреност. Ќе можете да се фокусирате појасно, а вашата душа ќе биде слободна да расте додека вие станувате личност која навистина сакате да бидете. 

    Подготви: Горјана Бојаџиевскa

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    емоции емоционална интелигенција емоционална рамнотежа личен развој
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleТратака – сконцентрирано гледање
    Next Article Енергијата на сонцето
    omnia.mk

    Related Posts

    Телото како сведок на сè што премолчуваме

    02/05/2025

    Кога звукот лекува – разговор со звукотерапевт, Ива Зафировска

    25/04/2025

    Дали сме научени да се задоволуваме со премалку?

    21/04/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.