Луѓето со бродовите од Југоисточна Азија, Мокен имаат многу малку сопственост. Тие во своите чамци можат да го носат само она што им е најпотребно. Тие исто така немаат во својот јазик збор за „грижи“. Кога имало цунами тие биле претпазливи и внимавале на водата. Забележувале дека водата надоаѓала до целата плажа а потоа се повлекувала далеку. Тие се сеќавале на нивните приказни и митови за тоа што се случува со морињата, па ги однеле своите чамци во длабоката вода и го преживеале цунамито. Локалните рибари не прежиевеале, нивните чамци биле уништени. Тие не гледале, не биле внимателни.
Како можеме да бидеме целосно внимателни кога нашите животи се затрупани со толку многу поседи, приврзани сме за толку многу материјални работи, имаме толку многу желби? Ќе имаме ли време да ги запаметиме приказните, да го гледаме и преместиме малиот чамец во длабоките води? Или ќе бидеме како локалните риболовци, невнимателни на моменталната потреба, потонати од цунамито на материјализмот? Живееме во култура каде што сме постојани бомбардирани, вниманието ни е постојано одвлечено од десет милиони работи. Се бара нашето внимание, сакајќи да консумираме, да купуваме, да ги трошиме нашите пари и нашето време. А ние дури и не ги знаеме длабочините и суптилностите на оваа мрежа на консумеризам и нејзините овластувања за измама.
Како можеме да создадеме простор на јасност, внимателност? Како можеме да се вратиме на она што е од суштинско значење? Како можеме да се сетиме што навистина е важно, што дава значење и содржина на нашиот секојдневен живот? Како можеме да се вратиме на едноставноста на нашата суштинска природа, која му дава простор на светот?
Прво, мора да признаеме дека целата наша култура е фатена во непотребни желби и не го препознава отровот на акумулацијата за она што е. Ние сме условени и под притисок да сакаме повеќе и повеќе – ова е митот за континуиран економски напредок. Овој мит стана чудовиште што го уништи нашиот екосистем, земајќи ги нашите пари и нашата животна енергија. Тој ја загади нашата свест со своите слогани и џинглови, дизајнирани да манипулираат. И ние, дури не ја знаеме моќта на магијата што ја има врз нас, хранејќи не со лажни ветувања за подобар живот, уверувајќи не дека „работите ќе бидат подобри“ со купување на производот. Под притисок сме да консумираме спакувана храна, па дури и спакувана духовност. Повеќе не ги знаеме состојките на нашите животи.
Второ, мора да имаме сила да кажеме „не“. За да се спротивставиме на овој токсичен проток, да се спротивставиме на моќта на празните ветувања и на корпорациите зад нив, мора да ја вратиме суштинската едноставност, да се вратиме на она што ни треба, а не на што мислиме дека сакаме. Само тогаш можеме да почнеме да ја слушаме музиката на животот, да внимаваме на внатрешната и надворешната потреба на Земјата. Само тогаш можеме да станеме живи со она што е свето и вистина.
Трето, мора да научиме да правиме разлика, да го исчистиме нашиот внатрешен и надворешен неред. Во класичната љубовна приказна на Ерос и Психа, една од речиси невозможните задачи на Психа е да сортира огромен куп семиња. Како Психа, така и ние мораме да ги сортираме многуте работи во нашиот живот, мораме да сфатиме што е од вредност, што навистина ни е потребно. Тоа никогаш не е лесно, но како што на Психа и помагаат неколку вредни мравки, така и ние имаме помош, во форма на инстиктивна мудрост, тивок квалитет кој е присутен ако обратиме внимание. И станува полесно со време и пракса. Додека расчистуваме повеќе простор во нашиот внатрешен и надворешен живот, стануваме повеќе прилагодени на она што е потребно, повеќе свесни за измамите и лажните ветувања за непотребните „нешта“ и јасно гледаме како нашите поседи ни го заробуваат вниманието.
Духовна екологија: Пратикување едноставност
Започнете со давање на дополнително внимание на вашите секојдневни едноставни активности, како што е станување од кревет, спуштање на двете нозе на подот и исправување. Вие сте будни и живи. Бидете свесни додека се движите кон бањата, кон кујната – кон кафето или чајот. Бидете благодарни за водата во мијалникот, за портокалите што го направија вашиот сок, за млекото во кафето. Пијте полека, ценета ја вашата храна. Ценете го семејството, сонцето што доаѓа до прозорецот, убавината што ја гледате во партнерот или децата. Едноставноста се открива бавно, во тивки моменти, кога можете да видите, чувствувате, допрете, помирисате. Движете се низ денот со почит и отвореност.
Направете искрен инвентар на вашиот живот. Погледнете ги работите што ги имате, кои заземаат време и простор. Погледнете ги вашите активности и обврски. Што од овие работи ви се навистина потребни? Кои се навиките кои заземаат простор и тежат? Кои ги одразуваат вашите вистински вредности, ја хранат вашата душа, ве допираат со љубов? Дали ви е потребна или едноставно ја сакате таа нова работа, нова активност која ви го фатила окото? На краток период обидете се да функционирате без некои од работите во животот. Можеби ќе сфатите дека воопшто не ви се потребни.
Нека природата ве научи. Во природата ние сме студенти на едноставноста. Начинот на кој дрвото расте кон сонцето, начинот на кој мачката се протега покрај оганот, начинот на кој годишните времиња доаѓаат одново и одново може да ве научи на едноставноста на она што е. Суштинската природа на нашиот сопствен живот – циклусот на раѓање, смрт, страдање и радост, па дури и ослободување – исто така ја рефлектира оваа едноставност. Ние можеме да ги направиме нашите животи комплицирани во зависност од тоа како се поврзуваме со борбата со смртта, избегнување на страдањето, потрага по среќа и слобода – но тоа е нашето надредено искуство, а не она што е. Побарајте начини да се прилагодите на природната едноставност на животот што лежи во основата на компликациите од нашето човечко искуство.
Враќајте се повторно и повторно на она што е едноставно, на она што не се менува со текот на времето, на она што сјае низ маглата. Запрашајте се дали ви е потребно повеќе од тоа? Дали ни треба повеќе од убавината на јаболковото дрво во пролет, топла куќа во зима, начинот на кој водата тече низ потокот, чаша чај со пријателите? Дали ни треба повеќе во животот оттколку љубовта?
Практикувањето едноставност не значи да отфрлиме сè, да дадеме отказ од нашата работа и да се преселиме во планинарска колиба и да живееме изолирано. Значи, да го цениме тоа што го имаме во животот, што не одржува, ни носи радост и значење и да се посветуваме на тие активности, луѓе и работи. Иако може при овој процес да смениме некои од нашите навики или да завршиме со помалку материјални работи, едноставноста наметнува враќање, а не отфрлање – гледање низ и внатре, наместо да бараме на друго место. Кога живееме од место на едноставност, ние природно сфаќаме дека ни треба помалку и поради тоа сме отворени за живот.
Не плашете се од едноставноста. Може да ја почувствувате како остра и празна, бидејќи е без психолошка комплексност и покривање на акумулираната потреба и желба. Но, нашето внимание и нашата вистинска реакција – благодарност и почит, ќе помогнат да ја трансформираат таа острина во најбогатите човекови искуства.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.