Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Дарана (dharana) – концентрација
    Јога

    Дарана (dharana) – концентрација

    omnia.mkBy omnia.mk10/12/2019Updated:18/01/2023Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    дарана
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Дарана е шестиот дел од осум-делната јога, како што е опишано во Јога Сутрите на Патанџали. Се однесува на концентрација на умот. Практикување на дарана се однесува на фиксирање на умот на одреден предмет, надворешно (како што е слика или божество) или внатрешно (како што е чакра).

    Последните три дела од осумделната јога – dharana, dhyana (медитација) и samadhi (просветлување) – колективно се нарекуваат samyama што значи „контрола“. Патанџали сметал дека последните три дела треба да се земат во предвид заедно, бидејќи тие се прогресивни фази на концентрација.

    Концентрацијата била тема на интерес и на античките мудреци. Арџуна во Багавад Гита спомнал дека контролирањето на умот e невозможна работа на земјата. Оттука, тој бил советуван од Кришна дека иако контролата на умот е тешка, сепак може да се постигне со редовна пракса на vairagya и abhyasa.

    Во Сутрата 3.1 Патанџали ја дефинира дарана како „врзување на умот на единствена точка на фокусирање“. Јогините многу често го користат дишењето како фокус за концентрација, но покрај дишењето како фокус може да се употреби мантра, слика, сензација во телото, или во суштина сè на што практикантот може да го насочи вниманието.

    Во книгата „Light on Yoga“ Б.К.С Ијенгар ги опишува суштинските практики на dharana, dhyana и samadhi како „потрага по душата“.

    Како се практикува дарана?

    За да вежба дарана, практикантот треба да одбере мирно место во удобна седечка положба. Очите можат да бидат затворени и практикантот да го насочува вниманието внатрешно (чакрите или на мантра) или да бидат отворени и фокусирани на надворешен предмет.

    Кога интензивно го насочуваме умот на едно нешто, остатокот од умот има тенденција да се смири. Кога на овој начин практикуваме концентрација, оставаме помалку простор за мисли, спомени и планирања со кои умот вообичаено е зафатен.

    Практикувањето дарана помага да го фокусираме и смириме умот кон патот за медитација. Ни помага да го запознаеме умот, особено кога доживуваме силни емоции. Идеално, би требало да останеме во состојба на дарана во текот на целиот ден, фокусирајќи се само на задачата што е пред нас.

    Редовната пракса на дарана ја подобрува и јога праксата бидејќи го подобрува способноста на практикантот да остане фокусиран на она што го прави. Го тренира умот да остане смирен и ја зголемува менталната сила.

    Практикувањето дарана го води практикантот кон дијана, што е следниот дел од осум-делната јога. Дарана е практика на концентрирање на одреден предмет, а дијана е состојба во која се постигнува целосна концентрација. Ова на крај доведува до осмиот дел односно самади, што претставува најдлабока фаза на концентрација.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    dharana дарана концентрација Патанџали
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleБакти јога
    Next Article Трансцедентална медитација (ТМ)
    omnia.mk

    Related Posts

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Болка во зглобовите при јога? 11 совети за спречување на болки во зглобовите

    05/02/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.