Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Глобална свесност»Потребата од глобален патриотизам
    Глобална свесност

    Потребата од глобален патриотизам

    omnia.mkBy omnia.mk06/10/2022Updated:30/03/2025Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Потребата од глобален патриотизам
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Итно е потребно светот да ја прошири визијата надвор од тесните граници на национализмот, така што индивидуалните интереси ќе ги опфатат интересите на целиот свет, во еден глобален патриотизам. Време е да признаеме дека светот е едно меѓусебно поврзано глобално семејство. Најновите научни експерименти од областа на квантната теорија на полето потврдуваат дека Универзумот е една огромна меѓусебно поврзана мрежа на пулсирачка енергија која е под постојано влијание на секоја мисла, збор и акција на сите нас на оваа планета. Нашите мисли и чувства постојано испраќаат бранови во бескрајно динамичниот вибрациски океан на постоењето. Овие поединечни бранови осцилираат во сцинтилирачкото ткиво на животот и комуницираат на суптилно ниво со животот на сите суштества на планетата. Не можеме да го измериме влијанието што го имаме или далекосежните ефекти од нашите постапки. Затоа, за нас е императив да се движиме во еволутивна насока која им служи на интересите на целиот живот насекаде.

    Во минатото, секоја земја можеше сама да се грижи за своите потреби, да си ги поставува своите приоритети и да си ги решава интерните проблеми. Но, сега конекцијата или врската помеѓу секоја нација и глобална заедница на нации драстично се намалува. Проблемот на нашата нација е проблем на целoто глобално семејство. Последиците се прошируваат низ целиот свет, влијаејќи на сеопфатното функционирање на Земјата како целина. Методите што ги користиме за решавање на нашите национални прашања влијаат на целиот свет. Таков е случајот на пример со прашањето за глобалното затоплување.

    Секоја нација мора да ја одигра својата улога за да го заштити „здравјето“ на планетата. Единственото решение е да работиме заедно кон хармоничен, мирен свет во кој секоја нација позитивно влијание на секоја друга нација. Мораме да растеме заедно и да напредуваме заедно помагајќи си еден на друг и сето тоа да биде добронамерно и со взаемна доверба. 

    Можеме да научиме да ги интегрираме тие елементи од другите култури, кои ја воздигнуваат и подобруваат силата и интелигенцијата на нашата нација и ги елиминираат оние влијанија кои можат да бидат потенцијално штетни. Мора да научиме да гледаме под површинските разлики меѓу културите, религиите и националностите за да ја најдеме заедничката нишка на нашата човечност.

    Перцепцијата на меѓусебната поврзаност на сите човечки суштества го плете животот во шарена интегрирана целина. Ова е визија која е од суштинско значење за денешниот свет. Сегрегацијата, изолацијата и психологијата на „јас и мое“ се застарени денес. Тие мора да бидат заменети со глобален патриотизам – свесноста за „нашата планета, нашиот свет, нашите заеднички интереси, нашето глобално семејство“. Само тогаш можеме да ја заштитиме иднината и да се погрижиме нашите деца да уживаат во свет богат со хармонија, среќа, здравје и исполнетост.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.
    глобален патриотизам глобална свесност земја
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleЗвучна терапија: Дефиниција, историја, видови и придобивки
    Next Article Како да се храните здраво?
    omnia.mk

    Related Posts

    Ефектите на урбанизацијата врз природните ресурси: Како брзата урбанизација во Македонија влијае врз водата и шумите

    12/08/2024

    Оддржлива мода: Како да создадете eco-friendly гардероба? (практични совети)

    17/07/2024

    Што е урбана пермакултура? Како и зошто треба да го прифатите овој концепт

    05/07/2023

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.