Потребни состојки:
- 4 чили пиперки;
- коријандер (свеж);
- 2 домати;
- 1 кромид;
- 1/2 сок од зелен лимон;
- 3 зрели авокада;
- сол.
Потребно време за подготовка на ова јадење е помалку од 30 минути.
Нутритивна вредност: калории 290; натриум 250мг. (10%); масти 23гр. (35%); протеини 6гр. (12%); јаглехидрати 23гр. (8%); влакна 15гр. (60%).
Начин на подготовка:
Во блендер ставете ги чили пиперките, доматите, кромидот и коријандерот и блендирајте. Додајте го сокот од зелениот лимон и по потреба малку вода, за да добиете хомогена смеса. Излупеното авокадо додајте го во блендерот и кога смесата ќе се соедини, ставете ја во фрижидер малку да се олади. Послужете со крекери или чипс.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.