Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    среда, мај 14
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Ганеша – принцот со глава на слон
    Јога

    Ганеша – принцот со глава на слон

    omnia.mkBy omnia.mk01/12/2021Updated:14/01/2023Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Ганеша - принцот со глава на слон
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со глава на слон и заоблен стомак, Ганеша е можеби најпопуларното и најпознатото од хинду божествата. Тој е најпознат како „отстранувач на пречки“, но исто така „управува“ со царството на мудроста, среќата, вратите, домаќинството и пишувањето.

    Како Ганеша ја добил главата на слон?

    Пред да се роди Ганеша, неговиот татко Шива често бил далеку од неговата сопруга Парвати, водејќи битки или поминувајќи долго време во длабока медитација. Набргу по заминувањето на Шива на уште едно борбено патување, Парвати раѓа син кој го одгледува во текот на годините додека Шива сè уште бил во битки. Кога Шива конечно се вратил дома, нашол младо момче кое го чувало влезот во неговата пештера.

    Бидејќи Ганеша никогаш не го сретнал својот татко, тој пробал да ја одбрани својата територија сакајќи да ја заштити мајка си додека таа се капела во пештерата. За жал, мислејќи дека и двајцата се непријатели, тие се бореле меѓу себе и во жесток бес Шива му ја отсекол главата на Ганеша со својот меч. Слушајќи ја вревата надвор, Парвати излегла од пештерата и го нашла нејзиниот син обезглавен. Таа строго му наредила на Шива да ја поправи ситуацијата. Шива и неговата војска брзо ја пребарале локалната област за да најдат соодветна замена за главата на неговиот син. Шива успеал да го спаси животот на Ганеша заменувајќи ја неговата глава со главан на млад слон. 

    Симболиката на Ганеша

    Комплицираната форма на Ганеша е богата со симболика. Тој вообичаено е прикажан со четири раце. Еднaта користи мудра за заштита, втората држи модака (слатка), третата држи анкуша (јадец на слон) и четвртата држи паса (јамка). Модаката ги симболизира слатките награди добиени на духовниот пат. Анкушата е алатка која се користи за тренирање на слонови и ја претставува неговата улога да ги „буди“ приврзаниците од инерција враќајќи ги на нивниот духовен пат. Пасата ја симболизира моќта на Ганеша да го заузда егото, да ја ограничи страста и да ја победи заблудата. Неговиот стомак ја означува раскошноста на природата, а неговата голема глава е симбол на мудроста на слонот.

    По што е познат Ганеша?

    Ганеша е најпознат како „отстранувач на пречки“. Тој има моќ да отстрани секаква пречка од патот на неговите приврзаници, без разлика дали е физичка или духовна. Ако некој не го почитува или не му е лојален, тој поставува пречки на нечиј пат за да го направи обожувањето неплодно и да предизвика нечии заложби да пропаднат. Тој е почитуван како божество на буквите и светите списи. Легендата вели дека Ганеша, користејќи го сопствениот заб како перо, го напишал најголемиот индиски еп, Махабхарата. Тој владее и со вратите и праговите. Како што ја чувал вратата на мајка си од несакани гости, така го чува и влезот во внатрешното светилиште на духот. Така, Ганеша традиционално се повикува и му се оддава почит на почетокот на важните обреди на премини и ритуали, како и пред да се започне кој било нов проект.

    За Ганеша има многу приказни кои детално ја опишуваат неговата симболика и улоги, како и неговата остроумност, игривост и мудрост.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    Ганеша слон хинду божество
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleКако да станете свесен потрошувач?
    Next Article Садгуру: Обрни внимание (четврти дел)
    omnia.mk

    Related Posts

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Болка во зглобовите при јога? 11 совети за спречување на болки во зглобовите

    05/02/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.