Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Личен развој»Водење дневник: Зошто е важно?
    Личен развој

    Водење дневник: Зошто е важно?

    omnia.mkBy omnia.mk03/01/2022Updated:14/01/2023Нема коментари6 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    водење дневник, девојка запишува во тетратка
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Дневник. Тој чин на запишување на нашите најдлабоки, најмрачни чувства и желби, разлевање на нашите срца за нашите односи, нашите професионални разочарувања или забележување на нашите секојдневни искуства. Многумина од нас пишуваа дневник во тинејџерски години. Како што растевме целосно ја заборавивме и самата идеја да водиме дневник. 

    Водењето дневник има многу докажани придобивки и е одлична навика. Може да вклучува реален преглед на она што се случило во текот на денот или може да биде само запишување на некои мисли. Тоа е целосно личен договор. Водењето дневник може да ни помогне да се разбереме себеси и ефективно да влијание на нашите навики во живот. Тоа може да ни помогне да им дадеме приоритет на работите што ги сакаме и да разбереме каде несвесно би можеле да ги блокираме нашите цели.

    Повеќето од нас живееме животи со многу обврски и малку слободно време. Многу ретко размислуваме за тоа што правиме, како се чувствуваме или дали нашиот начин на живот е добар или не. Така, како што минува времето, ние само го продолжуваме истиот образец и делуваме со мала свесност, не обрнувајќи внимание на животот. Меѓутоа, ако не одвоиме време да размислиме (вистински) за тоа што правиме и како го правиме – вклучително и како се чувствуваме за тоа – дали навистина можеме да се познаваме себеси? Навистина? Можеме ли навистина да знаеме што сакаме или што не сакаме?

    Водењето дневник е одлична алатка за саморефлексија и може да доведе до поголем увид во природата на животот. Меѓутоа, за да биде ефективно пишувањето дневник, мора да бидеме отворени за неговата моќ и придобивки. Мораме да бидеме искрени со себе кога пишуваме и да бидеме доволно храбри да ја изнесеме нашата душа на страниците. Дневникот е безбеден простор што никој друг нема да го чита, па затоа мораме целосно и прецизно да се изразиме.

    Придобивки од водење дневник 

    На емотивно ниво, пишувањето дневник ни овозможува да размислуваме за нашата сегашност и на крајот да одлучиме дали сме задоволни со нашето тековно животно искуство и одлуките што сме ги донеле досега. Ни помага да ги идентификуваме нашите стравови и грижи и ни овозможува да го одблокираме умот. Со запишување на нештата, го чистиме мозокот ставајќи ги нашите мисли и чувства на лист хартија (или word/google document). Водењето дневник е катарзично и ни отвора простор за размислување.

    Но, постојат и други придобивки..

    На пример, водењето дневник ни помага да се справиме со стресните ситуации во животот. Дневникот често се нарекува „стратегија за управување со стресот“, бидејќи ни помага да ги идентификуваме нашите стресни фактори и ни дава шанса да го ослободиме умот и да добиеме перспектива на работите.

    Ова, исто така, ни помага да го подобриме нашето расположение, одржувајќи ја анксиозноста под контрола. Кога ги запишуваме работите и ги „изнесуваме“ од нашиот ум, добиваме поголема јасност и на тој начин можеме да го намалиме чинот на претерано размислување. Претераното размислување е брз пат до стрес, анксиозност, сомнеж во себе и депресија. Исто така, пишувањето дневник ја подобрува среќата бидејќи можеме да изразиме благодарност во нашето пишување и да ги идентификуваме работите за кои сме благодарни и искуствата што ни донеле радост.

    Сепак, најочигледната придобивка е на емоционално ниво. Кога пишуваме дневник, можеме многу поефикасно да ги изнесеме нашите емоции. Можеме брзо да препознаеме дали се препуштаме на лоши обрасци и да ги направиме потребните прилагодувања или промени во животниот стил. Со пишување дневник, речиси автоматски стануваме повнимателни и почнуваме да живееме во моментот, размислувајќи за овде и сега, наместо да се грижиме за иднината или повторно да го преживуваме минатото.

    Сето ова значи дека стануваме посамоуверени и многу подобро се разбираме себеси. Стануваме способни да ги идентификуваме нашите внатрешни потреби и многу поефективно да се усогласиме со нив, разбирајќи не само себеси туку и оние околу нас. Само кога ќе застанеме и ќе размислиме каде сме, можеме да ги видиме работите многу појасно.

    Како водењето дневник ни помага да ги промениме обрасците на мисловниот процес?

    Водењето дневник исто така може да ни помогне да го подобриме капацитетот на нашата меморија, овозможувајќи ни да се фокусираме и да се концентрираме многу поефикасно.

    Секоја навика која ја правиме секојдневно на крајот резултира со физиолошки промени во мозокот. Тоа е така бидејќи телото гради нови нервни патишта за да ја поддржи нашата нова навика. Процесот е добро познат како невропластичност. Изградбата на нервен премин преку пишување дневник може да биде многу ефикасно. На тој начин се тренираме себеси да бидеме во контакт со нашите чувства, да правиме интроспекција и да се фокусираме на позитивните аспекти на сите наши искуства.

    Добра идеја е да се пишува рачно. Иако и куцањето на нашите мисли и сеќавања може да биде ефективно, пишувањето со пенкало и хартија е многу позначајно. Тоа е рачно движење на мислите и чувствата од нашиот мозок, до нашите прсти и надвор на страницата.

    За да ги промениме обрасците на мисловниот процес на најефикасен начин, треба да водиме дневник на ефективен начин. Не е добро постојано да се задржуваме на негативностите, бидејќи тоа едноставно ќе не држи во лошо расположение. Наместо тоа, мора да се фокусираме на благодарност, позитивност и афирмации. Со тоа го „репрограмираме“ мозокот кон среќа.

    Како да водиме дневник? 

    Сега кога ја знаеме моќта на пишувањето дневник и сме подготвени да ја примениме како навика, како да започнеме?

    Не постои правилен или погрешен начин за пишување. Можеме да користиме дневник, обична хартија, па дури нашиот лаптоп или телефон ако навистина сакаме. Сепак, треба да се трудиме да пишуваме секој ден за да можеме да се стекнеме со навика. Посветувањето десет до петнаесет минути дневно е одлично за почеток.

    Одлична практика би било да ги запишуваме нашите искуства и она што го учиме од нив, забележувајќи го секој позитивен аспект од денот. Пишувањето за нашите интеракции со другите, исто така, ќе ни помогне подобро да ги разбереме нашите односи. Сите тешкотии – особено емотивните – треба да бидат напишани со што е можно повеќе детали. Ова може да ни помогне да ги откриеме обрасците во иднина кога ќе видиме дека истите работи се случуваат одново и одново. Мудро е да запишеме сè што треба да направиме следниот ден пред да си легнеме. Ова го намалува стресот и ноќното прекумерно размислување.

    Ако го сфатиме сериозно водењето дневник и се посветиме на тоа, можеме многу да го промениме нашиот начин на размислување. Се препорачува да се пишува суштински, наместо едноставно да се запишуваат настаните од денот на монотон начин. Пишувањето разговорно е најдобрата стратегија, бидејќи учиме повеќе за себе кога разговараме со себе. Со тоа наскоро ќе откриеме дека дневникот ни носи поголемо чувство за длабочина, што носи голема вредност на нашите животи.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    дневник личен развој
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleШакти: Моќта на женската енергија
    Next Article Нудли со брокула и тофу
    omnia.mk

    Related Posts

    Телото како сведок на сè што премолчуваме

    02/05/2025

    Кога звукот лекува – разговор со звукотерапевт, Ива Зафировска

    25/04/2025

    Дали сме научени да се задоволуваме со премалку?

    21/04/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.