Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Визуелизација при изведба на асани
    Јога

    Визуелизација при изведба на асани

    omnia.mkBy omnia.mk19/07/2018Updated:06/02/2023Нема коментари5 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    визуелизација
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Јога положбите или асаните се практикуваат со различно ниво на свесност, во зависност од свесноста на самиот практикантот и енергијата која се внесува при изведбата. Најосновното ниво на изведба на асаните е насочување на фокусот на физичкиот дел. Постојат многу физички принципи на „местење“ при практикување на асаните кои се потребни за безбедно изведување на асаната, но без оглед на тоа колку е „совршено“ направена или „напредно“ изведена асаната, фокусирањето на физичкиот аспект никогаш не може да се дефинира како напредна јога.

    Следното ниво при изведба на асаните е дишењето. Наместо само да бидеме свесни за физичкото тело и за мускулите, понапредниот практикант е повеќе заинтресиран за квалитет на дишењето. Дишењето е портал на сегашниот момент и претставува директен начин да се доживее состојбата на јога, „тука и сега“, односно присуство во сегашниот момент. Квалитетот на дишењето, на многу начини е и квалитетот на самата пракса.

    Најнапредниот аспект на јога практиката и најкорисната алатка за човековиот ум  се наоѓа во визуелизација. Начинот на кој умот е маршализиран за да ја визуелизира психичката намера и енергијата при изведба на асаната, го комплетира спојувањето на умот, телото и духот, нешто кон што сите јога практиканти се стремат да го постигнат во својата пракса.

    Искусните јогини сметаат дека визуализацијата е вредна духовна алатка и тие ја практикуваат секојдневно со цел да ја развојат и усовршат. Менталната замислување на нештата е само дел од визуелизацијата, уште поважно е да се почувствува јасно, силно и самоуверено. Со други зборови создадете го внатрешно, целосното искуство што сакате да го доживеете. Колку е поживо и посилно создадено внатрешното искуство, толку полесно ќе биде да го остварите замисленото. Визуелизацијата е супер-алатка, мешавина на волја, концентрација и чувство. Можете да практикувате визуелизација за да ја контролирате енергијата, вештина што е непроценлива при изведба на многу асани и пранајама техники.

    Поврзаноста на визуелизација, изведба на асаните и кошите

    На санскритски „kosha“ (коша) значи „обвивка“. Тие се обвивки што го прикриваат Атман (душа) или вистинското Себство. Се верува дека откривањето на секоја обвивка го приближува поединецот до единство со Универзумот и вистинското Себство. Постојат пет обвивки и тоа: „annamaya kosha“, „pranamaya kosha“, „manomaya kosha“, „vijnanamaya kosha“ и „anandamaya kosha“. Некои традиции  сметаат дека последната „anandamaya kosha“  ја отвора вратата кон вистинското Себство, а други ја сметаат за вистинското Себство. Ние ќе ги споменеме првите четири, разгледани од призма на поврзаноста со визуелизацијата при изведбата на асани.

    Првата фаза е визуализирање на физичката изведба на асаните, тоа е врската со „annamaya kosha“. Подготвување на телото, визуелизација на физичкиот аспект, а потоа и изведба на асаната. Во оваа фаза се чувствуваат промените во телото, мускулите, реакцијата на телото и движењата. Откога ќе се воспостави контрола врз телото и откога ќе станеме свесни за тоа како телото реагира на асаните и движењата под команда, се преминува на следната фаза, односно димензија која е „pranamaya kosha“. Во текот на визуелизацијата, пред самата изведба на асаната треба да се набљудува движењето на праната во телото. Праната е витална сила која ги одржува заедно телото и умот. Таа го исполнува целото тело, а нејзината физичка манифестација е здивот. Кога ќе можете да ја видите (замислите) праната како се движи низ вашето тело, тогаш започнува вашата асана пракса.

    Вашиот ум се поврзува со нешто посуптилно од физичкото. Следната фаза, односно димензија е „manomaya kosha“, која е поврзана со инстинктивната свест, мислите и перцепрцијата. Идентификувајте ја вашата ментална состојба пред започнувањето на вашата асана пракса. Забележете како се чувствувате.„Manomaya kosha“ е поврзана со мислите во умот, кои се сметаат дека имаат моќ. Свесноста за вашите мисли и контролата на врз истите е од суштинско значење при изведбата на асаните. Само кога умот е стабилен и ослободен од мисли, ги добиваме вистинските бенефити од асана праксата.

    Четвртата фаза е „vijnanamaya kosha“. Се вели дека е комбинација од интелектот и петте сетилни органи. Исто така се смета дека е одговорна за волјата, проникливоста и одлучноста кај практикантот. Во оваа фаза практикантот треба да ги распознае предностите и недостатоците, потребите и амбициите при изведување на асаните како и да работи на надминување на истите со што се развива силата на карактерот и умот. Забележете ја вашата одлучност при изведување на асаните, запрашајте се кои се вашите потреби и што сакате да постигнете со вашата пракса. Дефинирајте ги приоритетите во вашата глава во зависност од вашата личност и вашите барања, за да го подобрите квалитетот на животот.

    Фокусирањето на секоја фаза овозможува вистинско разбирање на асана праксата и не врзување за физичкиот аспект на истата. Прво annamaya свесност за отстранување на физичките блокади од телото, како што се вкочанетост и замор. Второ, pranayama свесност за да се регенерираат различните органи во телото со прана. Трето, manomaya свесност за да се балансираат и усогласат умот и телото. И, четврто vijnanama свесност за разбирање на приоритетите и дефинирање на карактерот на практикантот.

    Телото се користи да се навлезе во умот. Праната се користи за пристап на свеста. Јогата како целина се користи за да се пристапи до внатрешната спиритуална хармонија и баланс.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    anandamaya kosha annamaya kosha manomaya kosha pranayama kosha vijnanama kosha асана визуелизација јога
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleЧоколадни браунис
    Next Article Ориз со индиски ореви и зеленчук
    omnia.mk

    Related Posts

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Болка во зглобовите при јога? 11 совети за спречување на болки во зглобовите

    05/02/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.