Вибрацијата е личната енергетска фрекфенција. Таа е кулминација на сите животи што некогаш сме ги живееле, секоја мисла што некогаш сме ја имале и секоја акција што некогаш сме ја извршиле. Таа е енергија која ја опкружува и продира секоја клетка во нашето тело. Нашата вибрација е уникатен потпис, нашата душа и таа е посебна само за нас.
Високи и ниски вибрации
Исто како што нема две исти снегулки, така ни две души во целиот универзум имаат ист „духовен потпис“. Нашите вибрациии се директен одраз на мислите, чувствата, верувањата, изборот на зборови, грижата за себе, за Земјата и за другите. Колку е поголема нашата вибрација, толку повеќе имаме светлина, толку побрзо нашите светлосни честички вибрираат, толку е поголема нашата свест и посилно сме поврзани со душата и со Универзумот. Кога вибрираме високо имаме енергија и нашиот живот тече со леснотија и благодат.
Кога вибрациите се ниски, нашите светлосни честички вибрираат полека. Нашата енергија буквално се чувствува тешка бидејќи не е во согласност со душата. Тука вибрираме од „пониско јас“ или од его. Искривените верувања, стравот, гневот, незадоволството, вината, љубомората, осудата, срамот, зависта, непростувањето, условената љубов, недостаток на самопочит, алчноста и лошото здравје не држат во многу ниска вибрациска енергија.
Ние сме многу повеќе од нашето физичко тело. Ние сме всушност мултидимензионални, енергетски, духовни суштества кои имаат физичко човечко искуство.
Енергијата составен дел од сè
Иако се идентификуваме со нашите физички тела, ние всушност сме и енергетски суштества. Сè е енергија. Секоја мисла, збор, чувство е енергија. Работите кои изгледаат цврсто, се всушност многу цврсто компактирани енергетски честички кои создаваат облик, форма или физичка материја. Нашето физичко тело, оној дел од нас кој не е вечен, е опкружен со нашата вечна божествена суштина која се состои од нашите емоционални, ментални и духовни енергетски слоеви.
Вибрирајќи „високо“ е начинот на кој ќе ја „излечиме“ планетата. Чекајќи некој или нешто надвор од самите себе да нè спаси, нема да не однесе никаде. Никој нема да нè спаси, ние сме тие кои треба самите да го направиме тоа. Треба да се лекуваме и да ја излечиме планетата. Мораме да преземеме лична одговорност за сопствените вибрации и последиците од истите. Моќта за промена лежи во нас. Мора да се посветиме на сопствениот раст и духовен развој и да го поместиме фокусот од обидот да се постигнат „нештата” на посветеност и поврзување со Универзумот.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.