Потребни состојки:
- маслиново масло;
- 2 моркови;
- 3 млади кромидчиња;
- 3 чешниња лук;
- 500гр. ориз;
- половина чаша доматен сос;
- 1 лажица црвен пипер;
- малку шафран;
- 500гр. мешан зелнчук (аспарагус, грашок, чери домати, артичоки, ротквица, тиквичка);
- парчиња лимон;
- свеж босилек;
- свеж магдонос;
- 1 коцка супа од зеленчук.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 50 минути.
Нутритивна вредност: калории 340; натриум 185мг (77%); масти 21гр. (32%); протеини 12гр. (24%); јаглехидрати 30гр. (10%); влакна 9гр. (36%).
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 150⁰C. Во 1 литар вода, на оган, ставете коцка за супа од зеленчук. Во голема тава на средна температура, загрејте го маслиновото масло и ставете ги исецканите моркови и младото кромидче. Додајте го и лукот и оставете да се пропржат додека не омекнат. Додајте го оризот и мешајте. Внимавајте оризот да не се залепи или изгори. Додајте половина чаша доматен сос. Додадете го шафранот и црвениот пипер. Додајте го миксот од зеленчуци сите ситно исцекани. Потоа, прелијте го оризот и зеленчукот со претходно приготвената жешката супа од зеленчук и оставете ја паељата уште точно 17 минути на тивок оган.
Ставете ја паељата во претходно загреаната рерна и печете уште 12 минути. Кога ќе биде готова извадете ја од рерна и оставете ја да се олади некоја минута. Одозгора ставете парчиња лимон, магдонос и свеж босилек.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.