Потребни состојки:
- 150гр. киноа (сварена и оладена);
- 400гр. црвен грав;
- 2 лажици вода (или маслиново масло);
- 3 чешниња лук;
- 1 кромид;
- ¼ лажичка сол;
- оригано;
- ½ црвен пипер;
- ½ лажичка семе од анасон;
- 3 лажици доматен сос;
- свеж босилек;
- магдонос;
Потребно време за подготовка на ова јадење е 75 минути.
Нутритивна вредност: калории 280; натриум 630мг. (26%); масти 3гр. (5%); протеини 14гр. (27%); јаглехидрати 52гр. (17%); влакна 11гр. (44%).
Начин на подготовка:
Сварете ја киноата и оставете ја да се олади. Загрејте ја рерната на 180⁰C и на хартија за печење ставете го црвениот грав да се пече 15-тина минути. Извадете го гравот од рерната и оставете го да се олади. Во сад на среден оган ставете вода, или маслиново масло, додајте го исецканиот лук и кромид. Пропржете 2-3 минути додека не омекнат и тргнете го садот од оган.
Ставете го црвениот грав во блендер, со лукот, кромидот, сол, оригано, црвен пипер, семето од анасон и блендирајте (внимавајте смесата да не биде целосно хомогена). Потоа, додајте ја сварената и оладена киноа, доматниот сос, свежиот босилек и магдонос и повторно изблендирајте.
Пробајте ја смесата и додајте зачини по вкус. Потоа од смесата формирајте мали ќофтиња и ставете ги во фрижидер 15-тина минути да се оладат.
Кога ќе ги извадите од фрижидер, во сад на тивок оган ставете ги ќофтињата малку да се пропржат, a потоа ставeте ги во претходно загреаната рерна на 200⁰C да се печат 20-30 минути.
Кога ќе бидат готови послужете ги со маринара сос.
oilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.