Потребни состојки:
- 4 бабури
- 300гр. ориз
- масло за готвење
- ½ црвен кромид
- 2 главички лук
- 100гр. Црн или црвен грав
- 20гр. Пченка
- 2 лажици доматен сос
- ½ лажичка оригано
- сол и бибер
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 минути.
Нутритивна вредност: калории 70; натриум 380мг (16%); масти 2.5гр. (4%), протеин 2гр. (4%); јаглехидрати 10гр. (3%); влакна 3гр. (12%).
Начин на подготовка:
Исчистете ги и испразнете бабурите. Во сад со вода ставете го оризот да се вари. Во меѓувреме пропржете го кромидот, додајте го ситно сецканиот лук, пченката и гравот. Додајте го сварениот ориз, доматниот сос, ориганото, сол и бибер и промешајте убаво. Наполнете ја секоја бабура со смесата. Печете на 180 степени, 25-30 минути или додека бабурите не омекнат.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.