Потребни состојки за вегански медитерански врап :
- свежа краставица
- домат
- црвен кромид (половина, ситно исецкан)
- пиперка
- каламата маслинки
- 540гр. наут (од тегла)
- 200гр. вегански јогурт
- свеж копар
- 1 главичка лук
- малку сок од лимон
- марула
- 4 тортиљи
- сол и бибер
Потребно време за подготовка на вегански медитерански врап е 30 минути.
Нутритивна вредност: 480 калории; натриум 1250мг (52%); масти 9гр. (14%); протеини 17гр. (33%); јаглехидрати 86гр. (29%); влакна 11гр. (44%)
Начин на подготовка:
Половина од краставица изрендајте ја и посолете ја. Ставете го во цедалка над сад и оставете го да се исцеди додека го сечкате останатиот зеленчук. Другата половина од краставицата исто така исечкајте ја на коцки. Комбинирајте ја краставицата, доматот, црвениот кромид, пиперката и каламата маслинките исечкани на коцки.
Наутот исцедете го, измијте го и ставете го во сад. Издробете го со раце или со вилушка.
Од ренданата краставица исцедете што повеќе вода. Во сад измешајте ја ренданата краставица, веганскиот јогурт, копарот, лукот, сокот од лимон и малку сол и бибер.
Додадете 3 супени лажици од подготвениот зазики (ѕаѕики) сос во искршениот наут заедно со малку сол и бибер. Добро измешајте.
На тортиљите наредете марула, преостанатиот издробен наут, мешаниот зеленчук исечкан на коцки и додајте од сосот зазики. Ако сакате, тортиљите можете да ги стоплите во сува тава на средно-висока температура.
Voilà! Bon appétit!