Потребни состојки:
- 2 лажици маслиново масло;
- ½ главица кромид (ситно сецкан);
- 1 црвена пиперка;
- 900 гр. печурки (може и мешавина на различни видови);
- 400 гр. домати (ситно сецкани);
- 500 гр. бујон од зеленчук;
- 1 лажичка лук во прав;
- 1 ½ лажичка црвен пипер;
- 6 гранчиња мајчина душица (свежа);
- сол.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 55 минути.
Нутритивна вредност: калории 110; натриум 19% (460мг.); масти 7% (4.5гр.); протеини 12% (6гр.); јаглехидрати 4% (13гр.); влакна 16% (4гр.).
Начин на подготовка:
Во сад на оган, ставете маслиново масло и додајте го кромидот ситно исецкан. Мешајте убаво 4 миниути или додека кромидот не омекне. Додајте ја црвената пиперка и гответе уште 3 – 5 минути додека кромидот не почне да се карамелизира. Кога ќе биде готово ставете ги кромидот и пиперката во посебен сад.
Во истиот сад на оган, ставете маслиново масло и додајте ги печурките и мешајте додека водата од самите печурки не почне да испарува. Додајте сол и лук во прав и мешајте додека печурките не омекнат и заруменат. Додајте ги кромидот и пиперката, доматите, бујонот од зеленчук, црвен пипер и мајчината душица. Покријте го садот со капак, намалете ја температурата и гответе околу 20-тина минути.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.