Потребни состојки за веганска мусака:
- 450гр. домати
- модар патлиџан
- 200гр. печурки
- 100гр. доматен сос
- 2 чешниња лук
- црвена пиперка (бабура)
- 100гр. вегански јогурт
- 50гр. таан
- коријандер
- сол и бибер
- маслиново масло
Потребно време за подготовка на ова јадење е 45 минути.
Нутритивна вредност: калории 140
Начин на подготовка
Загрејте ја рерната на 250 степени. Обложете го тавчето со хартија за печење. Рамномерно ставете ги исечените парчиња модар патлиџан. Намачкајте со малку маслинов масло и печете 20 минути или додека модриот патлиџан не добие златно кафена боја.
Додека модриот патлиџан се пече, загрејте сад за пржење на среден оган, додајте малку маслиново масло и пропржете го лукот неколку секунди а потоа додајте го доматниот сос и зачините. Додајте ги исечканите домати и оставете го сосот да зоврие 10тина минути.
Во друго сад загрејте маслиново масло и додајте лук, печурки и црвена пиперка сечкана на ленти. Пржете 5-6 минути или додека печурките не ја изгубат влажноста и додека пиперката не омекне. Кога ќе бидат готови оставете ги на страна.
Во тава за печење прво намачкајте една полна лажица сос од домати. Наредете неколку парчиња модар патлиџан за да го покриете дното од тавата. Потоа додајте од зеленчукот, па од сосот и повторете неколку пати додека не се потрошат состојките. Печете 15тина минути
Во меѓувреме додека мусаката се пече, промешајте го веганскиот јогурт со таан и додајте зачини по вкус. Кога мусаката ќе биде готова сервирајте ја со сосот од јогурт и таан.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.