Потребни состојки:
- тортиљи;
- 500гр. црвен грав;
- 115гр. рендан кашкавал
- сончогледово масло
- 2 чешниња лук;
- чили зачин;
- сол.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 минути.
Нутритивна вредност: калории 560; натриум 550мг. (23%); масти 52гр. (80%); протеини 10гр. (20%); јаглехидрати 14гр. (5%); влакна 5гр. (20%).
Начин на подготовка:
За почеток сварете го црвениот грав. Во сад на оган во сончогледово масло, ставете го лукот да се пропржи. Додајте го претходно сварениот грав, чилито и сол по вкус. Пропржете уште 5 минути. Испасирајте ја смесата додека не стане хомогена.
На едниот крај од тортиљите ставете од смесата со гравот, одозгора изрендајте кашкавал и свиткајте ги. Во сад на оган додајте малку сончогледово масло и ставете ги тортиљите да се пржат 3-4 минути на секоја страна, доволно за кашкавалот да се стопи и да бидат крцкави. Тортиљите, доколку не сакате да ги пржите, можете да ги испечете 10-тина минути на 180⁰C.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.