Потребни состојки за брускети:
- 2 векни леб (исечени на парчиња)
- 600гр, домати (исецкани на ситни парчиња)
- 170гр. моцарела (исецкана на ситни парчиња)
- свеж босилек
- 2 чешниња лук (исецкан)
- изрендана кора од лимон
- лимонов сок ( од пола лимон)
- маслиново масло
- балсамико
- сол и бибер
Потребно време за подготовка на ова јадење е 35 минути.
Нутритивна вредност: калории 290; натриум 350мг. (15%); масти 23гр. (35%); протеини 11гр. (22%); јаглехидрати 11гр. (4%); влакна 2гр. (8%).
Начин на подготовка:
Исечете ги векните леб за брускети на коси парчиња со дебелина од 3-4cm. Доматите, моцарелата, лукот и босилекот ситно ги сецкаме и ги додаваме во еден сад. Го додаваме лимоновиот сок, изрендана кора од лимон, маслиновото масло и балсамико. На крајот ги додаваме и зачините и убаво промешуваме. На секое парче леб ставаме од смесата и послужуваме.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.