Секој извор на болки во телото е прво енергија, па потоа перцепција и на крај се појавува физичката манифестација. Физичката манифестација е секогаш секундарна. Секоја болка има свој извор во телото и може да се проследи назад до одредена емоционална состојба. Болката има за цел да не предупреди дека сè уште треба да работиме во одредени области во животот и да ги интегрираме лекциите.
Телото е крајно буквално кога станува збор за болка. Искуствата од нашиот живот директно се манифестираат на телото и кога ќе се сретнеме со емоционален стрес, болки во телото се тие што точно покажува каде е проблемот. Единствено нешто што треба да го направите е да го декодирате.
Болка во вашите мускули
Преставува предизвик да се „движиме“ низ животот. Колку сме флексибилни со нашите искуства на работа, дома или самите со себе.
Болка во главата
Главоболките се чести кога не носиме одлуки. Мигрените се кулминација кога знаеме каква одлука треба да донесеме, а не ја носиме. Одвојте секој ден време за да се релаксирате. Направете нешто да ја олесните напнатоста.
Болка во непцата
Како и во вратот, болката во непцата се должи на не носење одлуки врзани за самите себе или не придржување кон одлуките кои сме ги донеле.
Болка во рамена
Болката во рамената може да покаже дека носите вистински емоционален товар. Фокусирајте се на проактивно решавање на проблемите и делење на тој товар со другите луѓе кои се дел од вашиот живот.
Болка во стомакот
Се однесува на прифаќање или не прифаќање на животот што го живееме. Стомачните проблеми укажуваат дека не се чувствуваме исполнети.
Болка во горниот дел на грбот
Ако чувствувате болка во горниот дел од грбот, најверојатно се справувате со недостаток на емоционална поддршка. Можеби се чувствувате не доволно сакано. Ако не сте во врска, може е време да одите на состанок.
Болка во долниот дел на грбот
Болките во долниот дел од грбот можат да значат премногу грижи за пари или немање доволно емоционална поддршка. Можеби е добро време да побарате зголемување на плата или да направите финансиски план кој ќе ви помогне да ги распределите парите малку подобро.
Болка во вратот
Болката во вратот е индикатор дека може имате проблем со простување на другите, па дури и на себе. Ако чувствувате болки во вратот, размислете за работите кои ги сакате кај вас и кај другите. Свесно работете на простување.
Болка во лактите
Болката во лактите има поврзаност со отпорноста на промени во животот. Ако вашите раце се чувствуваат вкочанети, може да значи дека сте премногу „вкочанети“ и во вашиот живот. Можеби е време да размислите за компромис.
Болка во дланките
Со дланките вие посегнувате и се поврзувате со другите. Ако чувствувате болка во дланките тоа може да значи дека не се поврзувате доволно со другите луѓе. Пробајте да стекнете нови пријателства. Исто така болка во дланките може да значи дека „држите“ и не сакате да пуштите некои работи.
Болки во колковите
Ако се плашите од промени тоа може да се манифестира со болки во колковите. Исто така може да значи дека сте претпазливи при донесување одлуки. Болка во колковите се поврзува и со поддршка. Кога се изместуваат колковите обично се однесува на нерамнотежа со тоа како се поврзувате со животот.
Болка во зглобовите
Како и болката во мускулите, болката во зглобовите претставува недостаток на флексибилност. Бидете отворени кон нови искуства, пораки и поуки.
Болка во колена
Болки во коленото ги претставуваат проблемите со заедницата, работата, пријателите. Исто така се поврзува и со лични проблеми. Потсетете се дека сте само луѓе и иако имате его не дозволувајте да владее со вашиот живот.
Болка во забите
Болка во забите може да се појави кога не ви се допаѓа некоја ситуација и секојдневно ја повторувате низ вашите мисли и емоции. Повторете си дека искуствата течат лесно, и со леснотија ги интегрирате позитивни или негативни искуства.
Болка во глуждовите
Болката во глуждовите може да биде знак дека се лишувате од задоволство. Тоа може да значи дека е време да се опуштите малку повеќе.
Болка која предизвикува замор
Досада, отпор и негирање на она што е потребно за да се движите напред. „Што е следно?“ Отворете се за кон нови искуства и активности.
Болка во нозете
Кога сте депресивни, може да почувствувате болка во нозете. Преголемата негативност може да се манифестира во нозете. Побарајте малку радости во животот. Најдете ново милениче или ново хоби. Барајте радост.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.