Во истиот момент кога ќе ги отворите очите пред вас се појавува спектар од бои кои се насекаде. Постои суптилна, но многу силна врска помеѓу боите и емоциите.
Честопати ви било поставено прашањето која е вашата омилена боја. Ако веднаш одговорите на пример, сина, дали сте се запрашале зошто баш таа боја ја сакате ? Што вели конкретната боја за вашата ментална и емоционална состојба?
Што е боја?
Бојата е резултат на интеракцијата на светлинскиот спектар со светлоприемници (фоторецептори) во окото. Само дел од електромагнетниот спектар е видлив за човековото око и е одговорен за перцепцијата на боите. Слично како и сетилата за мирис и вкус, така и бојата ни овозможува да го разбереме светот околу нас. Разликувањето на боите му помага на човекот, не само да опстане во овој свет, туку и ги обликува нашите перцепции, искуства и погледи на сè она што не опкружува.
Секоја боја има своја посебна бранова должина и фреквенција. На пример, црвената боја има најдолга бранова должина и најмала вибрација, додека виолетовата има најмала бранова должина и најголема вибрација. Не е ни чудо што секоја боја различно влијае на гледачот.
Боите и чакрите
Црвена: бојата на животната сила и енергијата, црвената е најинтензивна боја од сите. Таа претставува земја, страст, праведен гнев и крв (животната сила). Повикува на внимание, опстанок и не води низ промените во животот. Таа сигнализира опасност и не предупредува да внимаваме или да бидеме будни. Таа укажува на нашата животна енергија и поврзаноста со Земјата.
Портокалова: тоа е бојата на виталноста и силата. Таа е комбинација од црвената и жолтата боја и се поврзува со благост, тишина и мудрост. Претставува фаза на развој откако нашата основа (претставена со црвена боја) е силна, што укажува на постојан раст со задоволства (жолта) и препреки (црвена) на патот.
Жолта: сите темни елементи бегаат во моментот кога Сонцето изгрева. Жолтата боја е олицетворение на светлината (сонцето), тотална свесност за вашиот раст, зрелост и оптимизам. Таа е бојата на Манипура чакра (соларниот плексус), која е центар на сите енергии.
Зелена: се чувствувате одлично кога одите боси на тревата смирувајќи го вашиот ум (ментално), тело (физичко), срце (емоционално) и душа (духовно) заедно. Таа е бојата на љубовта и сочувството кон сè околу нас и овие квалитети се својствено присутни кај сите живи суштества.
Сина: кога гледате кон небото, сè што гледате е бескрајно пространство. Сè што е огромно и над нашите ментални перцепции е направено од оваа боја како небото, океаните итн. Сината е сеопфатна боја, која е дури и една од елементите на оганот (покрај портокаловата и жолтата). Духовните личности како Шива и Кришна се сини бидејќи се апсолутно сеопфатни. Будистите ја нарекуваат сината боја како боја на чист, спокоен и смирен ум.
Индиго: се смета и за кралска сина, индиго бојата претставува длабоко и внатрешно знаење. Тоа е бојата на третото око или чакрата Агја, во која се наоѓаат обрасците на нашите мисли. Откако ќе ги знаете овие обрасци, добивате увид и јасност на мислите. Како што мислите стануваат јасни, така илузиите исчезнуваат, правејќи да доживеете чувство на спојкоство и мудрост.
Виолетова: тоа блаженство кое го доживувате без причина е ретко да се има. Ова е бојата на асполутно блаженство кога сте над болките и задоволствата. Ја означува чистота на умот, телото и душата и ве поврзува со Универзумот.
Бела: оваа боја не е боја во реална смисла. Отсуството на други бои значи бела боја. Космички, белата боја ги содржи сите седум бои. Од духовна гледна точка, белата боја е отсуство на други бои што значи дека е далеку од разнобојниот материјален живот и се движи по патот на светлината (духовноста).
Ова ни кажува дека треба да уживаме во животот и во сите негови бои, но да не се „закачуваме“ за ниту една. На крајот на краиштата, мешањето на сите бои доведува до белата боја на чистина. Слично на тоа мораме да научиме да живееме и да ги пуштаме работите кои не ни служат со радост.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.