„Багавад Гита“ е најдрагоцениот и најпознат од духовните текстови во Индија. Составен од 700 стихови, Багавад Гита е напишана во третиот или четвртиот век пр.н.е., како дел од епскиот текст Махабхарата. Гита, како што вообичаено се нарекува, е дијалог меѓу принцот Арџуна и Шри Кришна, кој е претставен како возач на бојната кочија, пријател и соборец на Арџуна. Приказната се отвора на сцената на бојното поле непосредно пред почетокот на колосалната војна со Арџуна, барајќи водството од Кришна.
„Божествена песна“ како што уште е наречена Гита, е една од најпознатите светски „водичи“ за духовен раст, почитувана од духовните трагачи низ целиот свет. Бетовен, Леонард Коен, Карл Јунг, Емерсон, Торо, Махатма Ганди, Дипак Чопра, Мајкл Сингер и многу други ја сметаат Гита како прекрасен извор на мудрост и инспирација.
Во „Багавад Гита“ претставени се дваесет основни вредности за оние кои имаат намера да се посветат на духовниот пат и да бидат едно со светот и со другите.
Во поглавјето XIII, од „Багавад Гита“, Кришна, кој во текот на текстот ја презема улогата на учител, му објаснува на својот ученик, Арџуна, какви се основните вредности или квалификациите на умот, за остварување на самоспознавање. Дека постои рута која трагачот мора да следи – и да ја одржува за да го „собере“ разбирањето за самиот себе. Никој не е одвоен од целината, како свест и дека над телото и умот, сите сме неограничени и полни.
Извор на знаење
„Јогинот кој се стреми, усовршувајќи се (постепено) низ многу инкарнации, станува потполно ослободен од сите гревови и достигнува самоостварување.“
На овој начин преку процес на внатрешно созревање, трагачот е доведен да види подалеку од информациите заробени во неговите пет сетила, неговите световни искуства и реалноста на материјалниот свет. Трагачот мора да ја открие таа вистина што лежи зад превезот на незнаењето и се осмелува да одговори на основните егзестенцијални прашања – како на пример, „Кој/а сум јас?“, „Кој го создал овој свет?“, „Која е мојата улога во општеството и како се поврзувам со другите?“
Во Багавад Гита можеме да најдеме неверојатни и изненадувачки одговори, полни со мудрост, способни да го поништат чувството на недоволност или разделување и целосна изолација што понекогаш ги „напаѓа“ нашите чувства.
Вредностите во Гита водат кон животна трансформација
Како лотосов цвет кој е роден од калта, цвета на површината на водата и оди кон сонцето, така е и со реализацијата на луѓето. Кој, откако живеел одредено време над своите бесконечни можности, се крева во ново доба на патеката на светлината, преку сопствената светлина – во суштина може да се чувствува слично на она што го одржува целиот овој Универзум, сите нешта и суштества.
Мудроста на Багавад Гита е засновано на визијата за античките списи на Индија – Упанишадите. Овие текстови зборуваат за човечката личност како битие, трагајќи по тотална бесконечност, целосна слобода, крајна и врвна радост, процес на единство со Креаторот на небото и земјата, при кој во даден момент ја пуштаме нашата манифестација во состојба на неманифестација. Забележете дека ова битие не се однесува на телото, ниту на умот и неговите ограничени капацитети на меморија и мисла. Значи, не зборуваме од егото, од личноста, туку од нематеријалното битие, кое во моменти на медитација го чувствуваме живо и будно.
Овие вредности, модели на дејствување и размислување, може да се следат како еден вид завет или ветување наречени „vrata“ од индиската традиција и имаат за цел да го наведат поединецот да „види зад превезот“, да се идентификува со целината која нема ниту почеток ниту крај, не е ниту ефект, ниту причина и сè проникнува – Битие, над името и формите.
Дел од вредностите споменати во Гита:
1. Отсуство на гордост, слобода од лицемерие, ненасилство, стрпливост, чесност, ставање во служба на учителот, чистота, константност, самоконтрола. (Багавад Гита 13.7)
2. Незаинтресираност за сетилните објекти, отсуство на егоизам, внимателност на злото од раѓање, умирање, старост, болест и смрт. (Багавад Гита 13.8)
3. Константна посветеност (на Битието) со ексклузивно практикување јога, со престојување на изолирани места, и со дистанцирање од друштво на луѓе (Багавад Гита 13.10) како и со константност во знаењето на Врховниот Дух и со постојан увид во целта на спознавањето на вистината. (Багавад Гита 13.11)
Овие вредности вообичаено се детално објаснети од мудреци или учители кои имаат темелно познавање на стиховите и кои го живеат животот во таков дух. Не се наменети за да создадат збунетост или потешкотии напротив, целта е да се донесе јасност во разбирањето на себе. Оттука, традицијата се залага за пренесување на оваа визија преку систематско и директно следење на трагачот од страна на учителот во одреден временски период.
Во овој момент, проверете дали ви е корисно да научите повеќе за овие вредности или, на пример да изберете една и да останете доследни на неа. Имајте во предвид дека овие вредности можат да ве направат подостапни личности и отворени кон другите, со повеќе разбирање и љубов – ова се знаци на еволуција, внатрешна трансформација.
Вредностите на Багавад Гита како и на самоспознавањето не се ексклузивни само за хиндуистите, ниту за некоја група во ниту еден историски период. Тие се упатени до целото човештво и се тука за сите нас. Употребувајте ги мудро.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.