Потребни состојки:
- 6 модри домати;
- 4 лажици маслиново масло;
- 2 црвени кромиди;
- 4 чешниња лук;
- 50гр. свеж магдонос;
- 1 зелена пиперка;
- 4 домати;
- 1 лажичка кафеав шеќер;
- 1 лажица доматен сос;
- 1 лажичка кумин;
- сол и бибер.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 105 минути.
Нутритивна вредност: калории 270; натриум 40мг. (2%); масти 9гр. (14%); протеини 7гр. (14%); јаглехидрати 46гр. (15%); влакна 19гр. (76%).
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200⁰C. Во меѓувреме излупете го горниот дел од модрите патлиџани, а потоа пресечете ги по должина. Посолете ги и оставете ги 30минути да ја примат солта. Потоа ставете ги во рерна да се печат 20тина минути. Кога ќе бидат готови, извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат.
Во меѓувреме, во сад на оган, ставете две лажици маслиново масло и додајте го исечканиот кромид. Пропржете го кромидот, а потоа додајте ја исечканата пиперка и лук. Пржете уште 10тина минути. Потоа, додајте ги исецканите домати, шеќерот, доматниот сос,магдоносот, куминот и зачинете со сол и бибер. Гответе уште 5 минути и тргнете ги зеленчуците од оган.
Подесете ја температурата на рерната на 180⁰C. Наредете ги модрите патлиџани во тава за печење и убаво раширете ги за да може да ги наполните со смесата од зеленчук. Прелијте ги модрите патлиџани со преостанатото маслиново масло и додајте во тавата за печење малку вода. Печете ги 40-45 минути.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.