Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    среда, мај 14
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Бандите – клучен дел од јога праксата
    Јога

    Бандите – клучен дел од јога праксата

    omnia.mkBy omnia.mk20/09/2021Updated:16/01/2023Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Бандхите - клучен дел од јога праксата
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Сите мускули во телото треба да се „работат“ односно да се вежбаат и истегнуваат. Повеќето од нас го знаат ова и затоа одиме во теретана, одиме на јога, трчаме или пешачиме. Но, сите овие мускули генерално се на надворешната површина на телото, или на врвот на скелетот или веднаш под него. 

    Она што честопати имаме тенденција да го заборавиме е важноста на мускулите што постојат во внатрешноста на телото. Карличната дијафрагма и респираторната дијафрагма се два внатрешни мускули на кои ретко обрнуваме внимание, а се од огромно значење за нашето тело. Дијафрагмите помагаат при дишење, при контола на некои од функциите поврзани со внатрешните органи и со притисокот во шуплините на телото 

    Може дури и да се каже дека респираторната дијафрагма е најважниот скелетен мускул во телото, бидејќи, за разлика од кој било друг скелетен мускул, ако престанете да го користите дури и неколку минути, ќе умрете.

    Зошто никогаш не ги користиме овие клучни мускули?

    Античките јогини ја знаеле и разбирале важноста на овие дијафрагми. Поради таа причина тие ги создале трите бандхи или „заклучувања“ во Хата јога системот. Бандите често се сметаат за дополнителен елемент во јогата. Нешто што може да го додадете во праксата, ако сакате.

    Но, во реалноста трите банди се многу важен дел од јога праксата бидејќи го зајакнуваат и тонираат грлото, респираторната дијафрагма и карличната дијафрагма. Трите банди се објаснети во Хата Јога како начин за контрола на енергијата Кундалини што постои во ‘рбетниот мозок. 

    Ако навистина сакате да ја продлабочите вашата пракса, мора да започнете да ги работите трите банди, уште познати и како „Маха Банда“ кога се работат заедно.

    Бандите и асаните

    Античките Сутри не учат дека мора да ги вклучиме бандите во изведбата на асаните. Вклучувањето на дијафрагмите во вашата практика е едно од најважните моменти во вашата пракса. Без тоа, ги занемарувате структурно најважните делови на телото.

    Со одржување на силни, здрави дијафрагми, исто така, се стекнуваме со контрола врз притисокот во шуплините на телото. Овој притисок, исто така, ги тонизира артериските и васкуларните системи и носи подлабока контрола на животната сила – праната. Тоа всушност е и една од главните цели за практикување јога. Ако некој не може да го контролира внатрешниот притисок, тогаш навистина нема контрола над телото или јога праксата.

    Следниот пат кога ќе вежбате јога, запомнете – можете да ги истегнете тетивните мускули,  пекторалните мускули и грбот, како што правиме сите на часови по јога. Ова е во ред.

    Но, ако продолжите да го занемарувате вклучувањето на дијафрагматскиот елемент и продолжите да го гледате како „бонус“ дел што „не се брои“ ќе ги изоставите суштинските придобивки од јога праксата. 

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    бандхи јога маха бандха медитација спиритуалност
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleШакшука
    Next Article Вистинското значење на јогата
    omnia.mk

    Related Posts

    Како да се ослободиш од негативни мисли и емоции?

    20/09/2024

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.