Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Здравје»Банани – нутритивни факти и здравствени придобивки
    Здравје

    Банани – нутритивни факти и здравствени придобивки

    omnia.mkBy omnia.mk13/09/2018Updated:05/02/2023Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Банана (лат. Musa) е тропско овошје кое потекнува  и било одгледувано од домородното население од Југоисточна Азија и Папуа Нова Гвинеја. Тие се одгледуваат во најмалку 107 земји во светот, првенствено поради плодот, а во помала мера поради производство на влакна, вино и пиво од банани или како декоративно растение.

    Нутритивни факти

    Сировите банани содржат 75% вода, 23% јаглехидрати, 1% протеини и занемарливи количини на липиди. Сто грама банани имаат енергетска вредност од 89 калории и се богат извор на витамин Б6, кој обезбедува 31% од препорачаната дневна вредност. Исто така, содржат умерена количина на витамин Ц, минерали и диетални влакна.

    Иако најчесто се смета дека бананите содржат исклучително висока количина на калиум, оваа количина е релативно ниска во споредба со некои други видови на храна, како што се спанаќот, компирот и сојата.

    Придобивки од бананите

    Бананите се овошје кое е полно со витамини, а корисните хранливи материи во нив се чувари на здравјето. Тие се едни од нај консумираните овошја во светот, со добра причина.

    Борба против грчеви – минералните недостатоци се честа причина за грчеви во мускулите. Со консумирање на производи богати со калиум и магнезиум, како бананите, истите можат да бидат спречени.

    Спречување на болести на бубрезите – храната што содржи доволно калиум помага во спречување на појавата на камења во бубрезите. Според едно истражување, редовно консумирање на банани исто така може да ја намали можноста од малигни заболувања на бубрезите за 40%.

    Силно срце – исхрана богата со калиум се препорачува на оние кои имаат висок крвен притисок и кои се подложни на кардиоваскуларни заболувања. Дневна консумација од  2 до 3 банани го намалува ризикот од срцеви проблеми за 26%.

    Чисти крвни садови – холестеролот е главната причина за васкуларна опструкција, што доведува до атеросклероза. Бананите содржат фитостерол кои помагаат во намалување на нивотот на холестерол во крвта, а со тоа го одржуваат здрав васкуларниот систем.

    Здрав дигестивен систем – бананите се препорачуваат за лицата кои имаат чирови и оние во ризичната група. Тие содржат посебен ензим кој ја зголемува секрецијата на слуз кој ги штити ѕидови на дигестивниот систем.

    Извор на енергија – изобилството на витамини и минерали во бананите се голем извор на енергија. Простите јаглехидрати брзо се варат и го надополнуваат изворот на енергија.

    За добро расположение – бананите содржат допамин или „хормонот на среќата“ и заедно со Б витамините позитивно влијаат на нервниот систем. Овие карактеристики овозможуваат бананите да бидат вклучени во листата на храна која треба да се јаде ако се чувствувате нерасположени.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    банани здрава исхрана здравје овошје
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleОрео бомбици
    Next Article Бајалди – полнети модри патлиџани
    omnia.mk

    Related Posts

    Чај или кафе: Кој пијалок најмногу одговара на вашите потреби?

    07/05/2025

    „Здрави“ трендови што прават повеќе штета отколку корист

    05/05/2025

    Телото како сведок на сè што премолчуваме

    02/05/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.