Потребни состојки:
- 200гр. путер;
- 300гр. шеќер;
- 3 јајца;
- 3 банани;
- 500гр. брашно;
- 1 прашок за пециво;
- 350мл кисела павлака.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 90 минути.
Нутритивна вредност: калории 470 калории; натриум 320мг. (13%); масти 23гр. (35%); протеини 7гр. (14%); јаглехидрати 62гр. (21%); влакна 2гр. (8%).
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180⁰C. Премачкајте ја тавата за печење со малку путер или сончогледово масло (најдобро би било доколку имате специјален калап за банана леб).
Убаво изматете ги 4-те јајца, додајте го шеќерот, претходно стопениот путер на оган и згмечените банани. Додајте ја и киселата павлака и матете додека состојките не се соединат. Малку по малку додавајте го брашното. На крај ставете го и прашакот за пециво. Печете 1 час и 10 минути на температура од 180⁰C.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.