Потребни состојки:
- 2 модри патлиџани;
- 1 кромид;
- 2 домати;
- 2 зелени лути пиперки;
- сончогледово масло;
- кумин;
- лук;
- коријандер.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 минути.
Нутритивна вредност: калории: 190; натриум: 15mg (1%), масти: 11гр. (17%); протеини: 4гр. (8%); јаглехидрати 24гр. (8%); влакна: 10гр. (40%):
Начин на подготовка:
За подготовка на Баинган Бхарта (многу слично со нашиот традиционален пинџур) потребно е да ги испечете модрите патлиџани (во рерна или опционално на скара) додека не омекнат. Откако ќе бидат готови, оставете ги на страна да се оладат.
Во меѓувреме во тава на среден оган ставете го куминот заедно со ситно сецканиот кромид да се пржи додека кромидот не порумени, па додадете го ситно сецканиот лук. Потоа додадете ги сецканите домати и пиперки и оставете да се пропржат заедно со останатите состојки.
Излупете ги модрите патлиџани и убаво истолчете ги. Кога ќе бидат убаво пропржени доматите и пиперките додајте ги во садот со модрите патлиџани и убаво измешајте. Додајте масло по потреба и свеж коријандер.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.