Потребни состојки:
– 2 модри патлиџани;
– 30гр. магдонос;
– 2 чешниња лук;
– 3 лажици сок од лимон;
– 1 лажичка црвен пипер;
– 2 лажички кумин;
– 60гр. таан;
– 50мл. маслиново масло;
Потребно време за подготовка на ова јадење е 55 минути.
Нутритивна вредност: калории 290; натриум 25мг. (1%); масти 21гр. (32%); протеини 6гр. (12%); јаглехидрати 24гр. (8%); влакна 11гр. (44%).
Начин на подготовка:
Ставете ги модрите патлиџани во рерна да се печат на 200 степени, 30 до 40 минути. Кога ќе бидат готови, извадете ги да се оладат и потоа излупете ги.
Во блендер ставете го магдоносот, лукот, таанот, маслиновото масло, сокот од лимон, црвениот пипер, куминот и излупените модри патлиџани и изблендирајте додека не добиете хомогена смеса. Префрлете ја смесата во сад за послужување.
Voilà! Bon appétit!