Акцентот на современите совети за исхрана често е на она што го јадеме, а не на тоа како го јадеме. Ајурведата би се согласила со изреката: „Ние сме тоа што го јадеме“. Но, уште поважно за ајурведска диета е дека ние сме она што го вариме.
Во зависност од вашата доша, која е вашатата ајурведска конституција, природно, ќе имате одредени навики во исхраната – добри и лоши. Секоја доша малку варира.
Трите доши
Вата доша
Луѓето кои имаат доминантна вата доша имаат навика да јадат неправилно и во различни периоди од денот. Имаат тенденција да чувствуваат ненадејна слабост, бидејќи често заборават да јадат.
Пита доша
Луѓето со доминантна пита доша имаат тенденција брзо да јадат и имаат обичај ако не јадат редовно, да станат нервозни бидејќи се гладни.
Капа доша
Луѓето со доминантна капа доша имаат тендеција да се препуштат на слатката храна, често да се прејадуваат и да се чувствуваат летаргични.
5 ајурведски совети кои можат да ви помогнат во варењето на храната
Постојат многу правила или упатства кои треба да се применат кога се води ајурведски начин на живот. Некои од нив се прилично тешки за следење во ова модерно време. Пример јадењето по изгрејсонце и пред зајдисонце е непрактично за модерниот човек.
Сепак постојат доста совети за јадење кои многумина од нас можат лесно да ги применат во секојдневниот живот.
Нахранете ги сите пет сетила
Одвојте време додека јадете да бидете свесни не само за“ вкусот на храната, туку да го забележите мирисот и текстурата на вашиот оброк. Јадете храна што ви е естетски пријатна, го разгорува дигестивниот оган и ве примамува со очите.
Кога ја следите ајурведската диета, многу е важно да јадете тогаш кога се чувстувате гладни. Тоа е сигнал дека дигестивниот систем е подготвен да ја прими и свари храната.
Во ајурведата важно е да ја консумираме храната на секое сетилно ниво, затоа што во тој случај добиваме поголемо чувство на задоволство и ситост по завршување на оброкот.
Земете ги во предвид вашите емоции
Обидете се да јадете тогаш кога се чувствувате смирени и емоционално стабилни. Можеби ова нема да биде можно секогаш, но пробајте барем да го насочите вниманието во сегашиот момент на храната и да вдишите и издишите неколку пати длабоко. Ова ќе помогне да се активира одговорот на нервниот систам за одмор и варење.
Секоја доша има предиспозиција кон одредени емоционални нерамнотежи кои се директно поврзани со дигестивни проблеми:
Вата типовите имаат ненадејни и неочекувани промени на емоции. Често страдаат од анксиозност и немири. Ова може да доведе до слаб дигестивен оган и непријатна надуеност.
Пита типовите имат силни емоции, често чувствуваат фрустрација и лесно се иритираат. Ова може да доведе до премногу активен дигестивен оган и горушица.
Капа типовите имаат тенденција да чувствуваат потешки емоции како што се мрзеливост и депресија. Ова може да доведе до бавен дигестивен оган и запек.
Ако јадеме кога сме мирни и емоционално стабилни, си помагаме да ги намалиме нашите дошички нерамнотежи.
Заблагодарете се
Заблагодарете му се на готвачот, на храната, на земјата – на кој било начин што има смисла за вас и го чувствувате автентично. Ајурведата тврди дека ставот на благодарност води до помал стрес и повеќе задоволство.
Знаеме дека организам со помалку стрес е посреќна средина за нашите добри цревни бактерии, а колку се посреќни тие, толку подобро ни е варењето.
Имајте ритуал
Не мора тоа да песна или танц пред јадење, но имањето ритуали пред и по јадењето помагаат за подобра работа на дигестивниот систем. Овие ритуали може да бидат едноставно миење на раце пред оброкот, или јадење во исто време секој ден. Нашите тела имаат природна интелигенција која се води од внатрешни и надворешни сигнали и циклуси.
Истражете кога јадете надвор
Обидете се да посетувате ресторани кои имаат етичка основа, а не се ориентирани само кон профит. Според ајурведската исхрана, околината и начинот на кој се подготвува храната имаат огромно влијание врз нејзината енергија и нејзината прана.
Практично гледано, рестораните кои се ориентирани кон профит имаат поголема веројатност да користат состојки и адитиви со послаб квалитет. Честопати, оброкот направен од некој близок може да биде многу поздрав од скапиот оброк во гурмански ресторан.
Значењето на ајурведските совети
Ајурведата е холистичка практика која го зема предвид секое ниво на нашето битие. Па така, понекогаш е подобро да изедете домашно направено чоколадно колаче приготвено со 100% внимание и уживање, отколку да се напиете смути од зелен кељ купено во продавница додека брзате на час по јога. Сè е релативно и сè поврзано!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.