Во Ајурведа, петте елементи, просторот, воздухот, земјата, оганот и водата се составен дел од сè што постои во Универзумот, вклучувајќи го и човековото тело. Овие елементи се комбинираат за да се создадат три различни видови тела, наречени „доши“, познати како „вата“, „пита“ и „капа“.
Ако воздухот и просторот биле доминантни енергии присутни во периодот на вашето раѓање, тогаш по природа сте „вата“, ако водата и земјата биле доминантни тогаш сте „капа“, а доколку доминирале оганот и водата, тогаш сте „пита“.
Познавањето на вашата доша може да ви помогне да разберете кои активности, храна и животни елементи го поддржуваат и негуваат вашето здравје, а кои ви предизвикуваат нерамнотежа.
Најдобар начин за да го утврдите вашиот доша тип е да посетите Ајурведски доктор. Тој/таа може да спроведе физички преглед, вклучувајќи и проценка на пулсот и може да ви каже која е вашата доша и да ви даде конкретни препораки. Многу луѓе можат да бидат и комбинација од две доши.
Инструкции за ајурведа одредување на типот на доша
Обележете ја секоја изјава во која се пронаѓате или важи за вас. Кога ќе завршите пребројте го вкупниот износ за секој дел (А, Б, В) и проверете ги резултатите.
Тип А
- Тенка градба и мали коски. Може да биде висок или низок;
- Истакнати зглобови, не качува лесно тежина;
- Кожата е сува, лесно пука, груба, ладна, видливи вени;
- Косата е груба и сува;
- Мали, активни, темни очи;
- Усните се тенки, суви и лесно пукаат;
- Лесно кршливи нокти;
- Имаат малку сила, лесно се заморуваат;
- Променлив апетит, а можат да бидат и многу гладни;
- Физички многу активни;
- Нередовна столица, тврда, сува;
- Умот е активен, немирен;
- Тенденција кон страв или анксиозност кога се под стрес;
- Краткотрајната меморија е добра, долготрајната меморија е лоша;
- Имаат лесен сон;
- Ладни дланки и стапала, малку се потат;
- Соновите се страшни, со движења, летања;
- Тенденција кон констипација, анксиозност, нервоза, лош сон.
Тип Б
- Средна градба;
- Умерена телесна тежина, атлетска, мускулна градба;
- Мрсна кожа, топла, чувствителна, црвеникава, лесно воспалива;
- Косата е мека, мрсна, може да опаѓа или предвремено да побели;
- Средни, пенетрирачки очи, осетливи на светлина;
- Усните се меки, средни по големина;
- Умерена физичка сила;
- Силен апетит, иритабилни доколку се гладни, или доколку пропуштат оброк;
- Уживаат во физичка активност, особено натрпеварувачки активности;
- Редовна и лесна столица;
- Умот е фокусиран и остар;
- Се стремат кон гнев, фрустрација или раздраздливост кога се под стрес;
- Одлична меморија;
- Вообичаено имаат добар сон;
- Добра циркулација, често се потат;
- Соновите им се огнени, лути, насилни, страсни;
- Тенденција кон воспаленија, висок крвен притисок, преосетливост, агресија.
Тип В
- Крупна градба, поголема коскена структура;
- Прекумерна тежина;
- Дебела кожа, ладна, склони кон акни;
- Густа коса, сјајна;
- Големи кружни очи со големи трепки;
- Усните се големи, мазни и полни;
- Силни и цврсти нокти;
- Силни, добра физичка издржливост;
- Помалку активни, понекогаш летаргични;
- Бавна столица;
- Умот е мирен и бавен;
- Тенденција за избегнување на ситуации кои се тешки;
- Меморијата е бавна;
- Вообичаено имаат длабок сон;
- Умерено потење;
- Соновите се мирни, романтични, поврзани со вода;
- Тенденција кон респираторна конгестија, задржување на вода, лимфна конгестија, цистични акни, замор.
Бидејќи симптомите на нерамнотежа на дошите во алтернативната медицина, ајурведа може да се поврзе со голем број здравствени состојби, важно е да се консултирате со вашиот лекар ако имате здравствени проблеми. Само-лекување на здравствен проблем и избегнување или одложување на стандардно лекување, може да има сериозни последици.
Ако имате избрано најмногу под А тогаш сте ВАТА
Вата типовитe се стремат да бидат брзи и креативни. Примарниот орган на Вата типот е дебелото црево. Потребна им е рутина за да ја придвижат енергијата. Патувања, особено патувања со авион, може да предизвикаат нерамнотежа за Вата типовите. Не им одговара ладна, замрзната или сушена храна.
За да биде избалансирана, потребно е да јадат храна што ќе ги стопли. Треба да избегнуваат екстремно ладна, сирова и замрзната храна. Исто така се препорачува влажна, наместо сува храна.
Ако имате избрано најмногу под Б тогаш сте ПИТА
Пита типовите се упорни со силна волја и добар дигестивен систем. Примарните органи на Пита се тенкото црево и стомакот. На пита типовите најчесто им е топло. Овој тип е поврзан со елементот оган и поради тоа имаат тенденција да имаат „огнен“ карактер.
Кога пита не е балансирана, личноста може да забележи осипи на кожата, воспаленија, треска, чиреви, љубомора, гнев и обилно уринирање.
За да биде избалансирана, треба да се избегнуваат дополнителна топлина, влажност или пареа. Тие исто така треба да избегнуваат прекумерно мрсна или пржена храна, како и кофеин, алкохол, црвено месо, лути зачини или сол и да одбираат да јадат повеќе свежо овошје, зеленчук и житарици.
Пита типовите исто така треба да се трудат да бидат често на свеж воздух. Изразувањето на емоциите е исто така важно за нив.
Ако имате избрано најмногу под В тогаш сте КАПА
Капа типовите се издржливи и имаат сила. За нив е лесно да одржуват рутина, но се препорачува одвреме навреме да излезат од рутината и да направат некаква промена. Инертни се и знаат да се „закачуваат“ за луѓе или материјални работи. Храната и сигурноста се многу важни за нив. Примарен орган им е градниот кош. Капа типовите се препознаваат и по производството на слуз. Имаат тенденција кон синузитис, слабост, зголемување на телесна тежина, дијабетес или задржување на вода.
За да бидат избалансирани Капа типовите треба да бидат физички активни, да конзумираат малку мрсна или пржена храна, да избегнуваат ледени пијалоци, слатки или прекумерни количини на леб. Треба да внесуваат многу свеж зеленчук.
Капа типовите како дел од нивниот секојдневен живот треба да внесат промени, возбуда и предизвици.
Забелешка: Ако имате одбрано два типа речиси подеднакво, тогаш сте комбинација од две доши.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.