Ајурведа е систем на традиционална медицина што потекнува од Индија, а се практикува и во другите делови од светот како форма на алтернативна медицина. На санскритски зборот „ayurveda“ доаѓа од зборовите „āyus“ што значи „живот“ и „veda“ што значи „наука“. Низ историјата, ајурведа останала да биде влијателен систем на медицина во Јужна Азија. Најраната форма на ајурведа се појавува во периодот на Ведите, во Индија.
Концептот на ајурведата се базира на два главни принципи. Првиот принцип е дека умот и телото се меѓусебно поврзани, а вториот принцип е дека умот е доволно моќен да го излекува телото. Телото се лекува од болести само кога свеста за себе се шири.
Ајурведската медицина и јогата се тесно поврзани. И двете ги наоѓаат своите корени во Ведите. Се вели дека јогата е практичната страна на ведските учења, додека ајурведата е иселувачката страна. Ајурведата има за цел да ги одржи балансирани умот и телото, така што поединецот останува здрав, а јогата има за цел да ги координира умот и телото со што обезбедува физичка и ментална кондиција и ја зајакнува духовноста.
Ајурведа и животната енергија
Практикувачите на ајурведа терапијата веруваат дека сè во универзумот е поврзано. Ако умот, телото и духот се во хармонија со универзумот, ќе имаме добро здравје. Кога нешто ќе го наруши овој баланс – ќе се разболеме. Надворешни фактори кои влијаат и можат да ја нарушат рамнотежата се: повредите, возраста, емоциите, климатските и сезонските промени.
Според ајурведа секој човек е создаден од пет основни елементи кои се наоѓаат во универзумот. Тие се: земја, вода, оган, воздух и етер.
Овие елементи се комбинираат во човековото тело за да формираат три животни сили или енергии, наречени доши. Дошите го контролираат функционирањето на телото. Трите доши се: вата доша, пита доша и капа доша.
Секој наследува уникатна комбинација од трите доши. Но, една од нив вообичаено доминира во однос на другите. Секоја од нив контролира различна телесна функција.
Практикување јога, може да влијае врз рамнотежата на трите доши. Одбирањето на соодветни асани, врз основа на личната конституција може да помогне практикантите да ги зголемат здравствените придобивки од јогата.
Вата доша (простор и воздух)
Се верува дека оваа доша е најмоќна од сите три доши. Ги контролира основните функции на телото, како на пример како се делат клетките. Исто така, го контролира умот, дишењето, протокот на крв, функцијата на срцето и екскреција. Работите што можат да ја нарушат рамнотежата вклучуват прејадување, страв, тага и останување будни до многу доцна.
Ако вата доша не е во рамнотежа, поголема е веројатноста да развиете анксиозност, астма, срцеви заболувања, кожни проблеми и артритис.
Пита доша (оган и вода)
Оваа доша го контролира варењето на храната, метаболизмот и одредени хормони кои се поврзани со апетитот. Работи што можат да ја нарушат рамнотежата на оваа доша, вклучуваат јадење кисела или зачинета храна и поминување многу време на сонце.
Ако пита доша не е во рамнотежа, поголема е веројатноста да заболете од Кронова болест, срцеви заболувања, висок крвен притисок и инфекции.
Капа доша (вода и земја)
Оваа доша го контролира растот и развојот на мускулите, јачината на телото и стабилноста, тежината и имунолошкиот систем. Работи кои може да ја нарушат рамнотежата вклучуваат спиење во текот на денот, јадење премногу слатка храна или пијалоци што содржат многу сол.
Ако капа доша не е во рамнотежа, поголема е веројатноста да развиете астма или други заболувања на дишните патишта, рак, дијабетес, зголемена тежината и гадење по консумирање на храна.
Ајурведски третман
Ајурведата како наука има осум начини за дијагностицирање на болест и тоа преку: пулс (nadi), урина (mootra), столица (mala), јазик (jihva), говор (shabda), допир (sparsha), вид (druk) и изглед (aakruti). Ајурведските лекари пристапуваат кон дијагноза со помош на петте сетила.
Ајурведскиот лекар ќе создаде план за лекување специјално дизајниран за вас. Тој ќе ја земе во предвид вашата физичка и емоционална „шминка“, вашата примарна (доминанта) животна сила и рамнотежата помеѓу сите три доши.
Целта на третманот е да го исчисти телото од непроцесираната храна која може да остане во телото и да доведе до болест. Процесот на чистење наречен „panchakarma“ е дизајниран да ги намали симптомите и да ја врати хармонијата и рамнотежата.
За да се постигне ова, ајурведскиот лекар може да се потпре на прочистување на крвта, масажи, медицински масла, билки или лаксативи.
Современата ајурведа има тенденција да ја постигне виталноста со изградба на здрав метаболички систем и одржување на добро варење и екскреција. Ајурведата, дополнително се фокусира на јога и медитација, а од исхраната ја применува сатвичката диета (sattvic). Ајурведата го следи концептот дека природните циклуси како будење, спиење, работа, медитација итн. се важни за здравјето. Хигиената, вклучувајќи и редовно капење, миење на забите, нега на кожата и миење на очите е исто така од голема важност.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.