Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    сабота, мај 17
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Аериал јога
    Јога

    Аериал јога

    omnia.mkBy omnia.mk30/01/2019Updated:04/02/2023Нема коментари2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    аериал јога, фотграфија преземена од Aerial Movement Academy, Маја Крстевска на платно
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Аериал јога, уште позната и како антигравитациска јога, е спој помеѓу традиционалната јога, акробација и танц. Почетоците се во Америка, Њујорк, а сега оваа дисциплина е позната низ целиот свет. Била создадена од Кристофер Харисон, танчер и акробат.

    Што е аериал јога?

    На час по аериал јога, се изведуваат истите положби како на традиционален час по јога, со таа разлика што положбите не се изведуваат на простирка на под, туку на платна кои висат прикачени од таванот. Целта на платното е да ви помогне да ја подобрите флексибилноста и да изградите сила, истовремено овозможувајќи ви да направите повеќе предизвикувачки положби без дополнителен притисок врз рамената, ‘рбетот или главата.

    Најголемата разлика помеѓу аериал јога и традиционалната јога се платната. Тие се користат за време на целиот час, вклучувајќи ги и инверзиите, поздрав на сонце, седечка медитација и шавасан (релаксација) во платно.

    Придобивките од аериал јога

    Една од придобивките што може да го привлече практикантот кон аериал јога е можноста да влезе во физички понапредни асани како што е стој на раце (со помош на платното). Инверзиите може да бидат тешки за совладување за многу практиканти, но се многу попрактични за изведба со помош на платно, бидејќи не се прави притисок на главата, вратот или ‘рбетот.

    За оние кои страдаат од хронична болка во грбот или тензија во рамениците или вратот, оваа дисциплина може да ја подобри мобилноста на зглобовите со отворање на засегнатите области. Инверзиите со помош на платна, исто така може да го зголемат протокот на крв кон грбот.

    Оваа дисциплина може да практикуваат и почетници. Сè што се прави на часот со платната може да се модифицира за сите нивоа.

    Секој аериал час може да заврши со шавасана, како и на традиционалните јога часови, само што на тука положбата за релаксација се изведува во платното. Лебдејќи над земјата, во завршна шавасана, создава целосно релаксирачко чувство.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    аериал јога воздушна јога јога платна
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleВегански гулаш со печурки
    Next Article Домашно млеко од бадеми
    omnia.mk

    Related Posts

    Секојдневна јога пракса: Што се менува кога не се откажуваме од себе?

    16/05/2025

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.